14/12/2009
БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ!
Интернет не е секогаш сигурно и безбедно „место“ посебно за децата и тинејџерите!
Не се секогаш сите информации точни и не се секогаш сите корисници добронамерни и љубезни! Многу лесно може да ви се случи да бидете заведени, навредени, излажани...за жал! Многу ваши податоци и фотографии откако ќе бидат поставени на Интернет престануваат да бидат само ваши и може да бидете непријатно изненадени од тоа како некој без ваше знаење и одобрување ги искористил!
Во коментарите може анонимно да раскажете за нешто пријатно или непријатно што ви се случило додека сте сурфале или четувале(муабетеле) на Интернет!
Разгледајте го сајтот со адреса :
http://crisp.org.mk/content/view/34/48/lang,mk/
Ќе најдете многу корисни совети за безбедно користење на Интернет и може да прочитате за многу вистинити непријатни Интернет случки на ваши врсници кои може многу лесно да ви се случат ивам ако сте невнимателни и неинформирани!
26/11/2009
ПОБРЗО ДА ОЗДРАВИТЕ!
19/11/2009
12/11/2009
УЧЕБНИЦИ ПО ИНФОРМАТИКА
Утре од 10 до 11.30 часот во кабинетот по информатика секој што не успеал од било која причина да се обезбеди со учебник по Информатика во електронска форма, може да дојде со CD ( не со DVD или USB мемориски стик) за да го сними учебникот! Ова се однесува на 5то и 6то одделенците.
Ако имате другари за кои знаете дека немаат учебник пренесете им ја оваа информација! Сите оние кои можат нека си го симнат учебникот од линкот лево на блогот. Побарајте помош од родителите или од некој кој може да ви помогне ако неможете сами да се снајдете иако многу пати ја објаснивме постапката во училиште! Ако имате CD режач ве молам понудете им се на вашите другари да им го снимите учебникот на CD.
Ова е единствен начин на кој јас можам да ви помогнам околу учебниците по Информатика кои според моите информации не се пристигнати и не се знае кога и дали ќе пристигнат во училиштата!
После многу пати (скоро 3месеци) објаснување и потсетување за потребата и постапката за снабдување со електронска или печатена верзија на учебникот навистина нема да можам да прифатам извинување од ученик дека нема учебник и нема од каде да научи! Дел од лекциите за 6то и сите лекции за 5то во вид на презентации до сега беа поставувани на блогот! Ви благодарам!
11/11/2009
УЧЕБНИЦИ ЗА 5то И 6то!
На левата страна од блогот поставени се линкови, на кои со едноставен клик може да ги симнете учебниците за 5то и 6то одделение! Почекајте 5-10 минути и откако ќе се отвори учебникот, меморирајте го со клик на „save a copy“ во горниот лев агол на прозорецот!
Учебниците ТРЕБА да ги имате за да може подобро да учите и поедноставно да ги изработувате вежбите во училиште! Добро е ако имате можност да ги испечатите - дел по дел или целиот учебник!
06/11/2009
03/11/2009
30/10/2009
28/10/2009
25/10/2009
Коментар на резултатите од гласањето
Ако сте искрени, а верувам дека сте, резултатите од гласањето ми се допаѓаат! Две третини од вас кои гласале, поминуваат пред компјутер помалку од 2 часа на ден што е СУПЕР! Вистински убавите нешта се муабети, дружење, забава, шетање, учење во реалност или „во живо“! Поздрав и благодарам до сите кои гласаа!
21/10/2009
10/10/2009
Учебник за 6то одделение!
Обидете се на овој линк да го симнете учебникот за 6то одделение! Бидете стрпливи - се отвара за 5-10 минути!
http://vlada.mk/ucebnici/6odd/Informatika/ucebnik1/INFORMATIKA_6_FINAL.pdf
09/10/2009
Учебник за 5то одд.
Обидете се да го симнете учебникот за 5то одделение на следниот линк:
http://www.mon.gov.mk/ucebnici/5odd/Informatika/ucebnik1/INFORMATIKA_5_FINAL.pdf
Бидете стрпливи, линкот се отвара за неколку минути (5-10). Потоа меморирајте го фајлот - книгата (на компјутер, CD,..) и ако сте во можност испечатете ја затоа што навистина не се знае кога ќе пристигнат учебниците!
08/10/2009
Контролен тест за 5то одд.
Другарите 5то одделенци следната недела да се подготват за краток тест од 15 минути и десетина прашања!
Прашањата ќе бидат од Основни компјутерски поими, Компјутерска историја, Видови компјутери и Компјутерски систем (изглед и конфигурација на персоналниот компјутер)!
Прашањата и лекциите ги имате на блогот! Ако нешто не ви е јасно слободно прашајте - оставете коментар!
Прашањата ќе се одговараат со заокружување, со дополнување или со целосен одговор!
Оценките од тестот не се пишуваат во дневник, но ќе бидат регистрирани како помош и насока за понатамошната работа, активност и оценување на ученикот!
Subscribe to:
Posts (Atom)