01/04/2010
За многу години Велигден!
Среќни и весели Велигденски празници на сите кои ги празнуваат!
Убаво сончево време сите 4 празнични дена, богата трпеза, добро расположение и нека се кршат велигденски јајца!
ТРИКОВИ СО ЈАЈЦА
ТРИК 1
ЈАЈЦЕ ШТО „СТОИ“ ИСПРАВЕНО !!!
На рамна површина истурете малку сол. Со малку труд многу брзо ќе успеете да го поставите јајцето да „стои“! ПРОБАЈТЕ
ТРИК 2
НЕПОСЛУШНО ЈАЈЦЕ !!!
Едно меко варено јајце заротирајте на рамна површина. Потоа сопрете го вртењето со прст. Кога ќе го пуштите јајцето, тоа ќе продолжи да се врти!
Знаете ли зошто??
Жолчката во јајцето бидејќи е течна сеуште се врти и повторно го придвижува јајцето. ПРОБАЈТЕ !
ТРИК 3
НЕСКРШЛИВИ ЈАЈЦА !!!
Земете две табли со по 10 јајца, поставете ги една до друга на тепих и внимателно застанете на нив!
(Претходно побарајте дозвола од родителите !!)
И? Што се случи? Ништо ! Јајцата нема да се скршат! Тие се неверојатно цврсти!
СЛИКИ ОД ПРВОАПРИЛСКИОТ МАСКЕНБАЛ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ!
Денес во нашето училиште беше весело, забавно, интересно, смешно.....нај нај!
Супер журка (благодарност до нставникот Тони и неговите помошници), одлични маски....
Како си помина ти? Во што беше маскиран/а? Која маска најмногу ти се допадна? Дали ти се допаднаа избраните најдобри три маски? Што предлагаш за првоаприлскиот ден следната година? Пиши во коментар на постов!
Голем поздрав до сите вештерки, ѓаволи, принцези, невести, страшила, „женски“, бебиња, .......

Subscribe to:
Posts (Atom)