09/11/2015

ВЕЖБА СО ПАРАГРАФИ

Во празните кругчиња внеси го бројот од 1 до 8 кој одговара на уредувањето на параграфот 


О Д Г О В О Р


04/11/2015

За 6то ОПЕРАТИВЕНСИСТЕМ


НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА ОПЕРАТИВНИТЕ СИСТЕМИ


  • На еден компјутер може да има повеќе од еден оперативни системи. Во тој случај по вклучување на компјутерот корисникот може да избере со кој оперативен систем ќе работи.
  • Кај некои оперативни системи едн корисник може да има повеќе работни површини за разни потреби.
  • На еден оперативен систем може да се најавуваат повеќе корисници.
  • Оперативниот систем овозможува паралелна работа со повеќе програми.

02/11/2015

7мо - ХЕДЕР И ФУТЕР, Фусноти, Редни броеви на страница, пишување во колони

ХЕДЕР ФУТЕР

наредба: View – header footer


1.    Хедерот (заглавје) се пишува во просторот од горната маргина.
2.    Футерот (подножје) се пишува во просторот од долната маргина.

3.    Во хедерот и футерот може да бидат запишани текст, слика и  автотекстовите: тековна дата и време. 
4.    Хедерот и футерот поставени на една било која страна во документот се прикажуваат на сите останати страни од документот.
5.    Хедерот и футерот избришани од една било која страна во документот се бришат од сите страни на документот.

6.    Документот може да има само хедер, само футер или и хедер и футер.

ФУСНОТИ
наредба: Insert- reference- footnote

1.    Фусноти се  состојат од ознака до зборот и објаснување на зборот
2.    До зборот има ознака (број, буква, знак)
3.    Објаснувањето на зборот се пишува:
-         веднаш под текстот
-         на крајот од страната
-        на крајот од документот (енднота)
5.    Фуснота се брише со бришење на ознаката до зборот во текстот

6. Со додавање или бришење на фусноти ознаките автоматски се подредуваат.
7. За поставување на фуснота:
      - прво се додава ознака на крајот од зборот со поставување на покажувачот на крајот од зборот и избор на наредбата 
      - а потоа се пишува објаснувањето

РЕДЕН БРОЈ НА СТРАНИЦА
наредба: Insert-page number



1. Редниот број на страница се запишува во просторот од горната или долната маргина.

2. Реден број се избира на една било која страна од документот а потоа се прикажуваат подредените броеви на сите страни во документот.

3. Реден број може да биде позициониран: лево, во средина или десно
4. Може да се избираат различни формати на броеви (1,2,...-1-,-2-,...)
5. Може да се избере дали бројот ќе се прикаже на првата страна од документот или не или од кој реденброј да започне нумерирањето а страниците во документот.
6. Со бришење на реден број од една било која страна во документот се бришат редните броеви од сите страници во документот.

КОЛОНИ      
наредба:FormatColumns

1.    Текстот запишан во колони се вика НОВИНАРСКИ ТЕКСТ.
2.    За да се претстави текстот од 1 колона во повеќе колони прво мора да се селектираат редовите кои треба да се претстават во повеќе колони..
3. Посебни делови од еден ист текст може да биде запишан со различен број на колони
4.    Корисникот може да избере: број на колони, ширина на колоните, растојание меѓу колоните, линија меѓу колоните.
5.    Колоните може да имаат иста или различна широчина.

6.    За да се промени бројот на колоните, текстот во колони треба да се селектира и да се избере од наредбата новиот бр. на колони.