05/12/2017

ПАРАМЕТРИ НА СТРАНИЦА во текстуален документ

ПАРАМЕТРИ НА СТРАНИЦА

1.Ориентација на страница:
- вертикална (портрет)
- хорионтална (пејсаж или лендскејп)

2. Големина (формат) на страница:
А4, А5, А3, В3, В2,...

3. Маргини
-         Белите површини горе, доле, лево и десно на страницата
-         Големината на маргините ја избира корисникот.
-         Маргините може да се разликуваат меѓу себе или да бидат исти

4, Наредба за бирање на параметрите на страница

File Page Setup

01/12/2017

ХИПЕРВРСКИ во текстуален документ

ХИПЕРВРСКИ

   Хиперврска во текстуален документ е активен збор, група на зборови или слика кои по активирање водат кон локација со единствена адреса.
Таа локација може да биде:
-       веб страница или документ на Интернет
-       друг документ на истиот компјутер
-       друго место (ред, збор, слика, страница) во истиот документ
1.  За да се постави хиперврска прво објектот на кои треба да се постави хиперврска се селектира.
2. Хиперврската може да се постави, промени или избрише
3.  За да се постави хиперврска кон друг документ треба точно да се знае адресата на документот
4.  Ако се промени адресата на документот кон кој покажувала хиперврската тогаш таа нема да работи.
5.  На еден објект може да се постави САМО ЕДНА хиперврска
На различни објекти може да се постави ИСТА

01/03/2017

Домашна задача за7мо одд.

Домашна задача за7мо одд.

Направи презентација за 3 домашни или диви животни по избор.
Презентацијата треба да има 5 слајда

УПАТСТВО за израбтка на слајдовите:

1.   Првиот слајд: наслов ДОМАШНИ (ДИВИ) ЖИВОТНИ и автор: твоето име и презиме и одд.
2.   Вториот слајд: содржина на презентацијата и поставени хиперврски кон слајдот за соодветното животно
3.   Третиот, четвртиот и петиот слајд:
o   наслов – име на животно,
o   набројување: опис на животното,
o   слика од животното
o   хиперврска кон слајдот со содржина – на стрелка или текст
4.   Позадина на слајдовите: по желба
5.   Ефекти на премин меѓу слајдовите: по желба
6.   Ефекти на анимација: 
o   на сликите од животни: влез од лево и ротација

Направената презентација испрати ја на меил:

informatika7mo@gmail.com
(до среда 8ми март)

Наслов на пораката:
-->
Презентација за животни од (твое име и презиме ) и одд.(твое одд).