
Другарите 5то одделенци следната недела да се подготват за краток тест од 15 минути и десетина прашања!
Прашањата ќе бидат од
Основни компјутерски поими, Компјутерска историја, Видови компјутери и Компјутерски систем (изглед и конфигурација на персоналниот компјутер)!
Прашањата и лекциите ги имате на блогот! Ако нешто не ви е јасно слободно прашајте - оставете коментар!
Прашањата ќе се одговараат со заокружување, со дополнување или со целосен одговор!
Оценките од тестот не се пишуваат во дневник, но ќе бидат регистрирани како помош и насока за понатамошната работа, активност и оценување на ученикот!