30/03/2010

ПРВОАПРИЛСКА ИСТОРИЈА И ПРВОАПРИЛСКИ ТРИКОВИ!

Дали некогаш сте се запрашале или можеби знаете од кога 1ВИ АПРИЛ се празнува како ДЕН НА ШЕГАТА ???

Верувале или не се почнало пред повеке од 4 века во Франција!

А зошто и како?

Па не се знае со сигурност но се верува дека некако вака течеле случувањата :

Се почнало во 1582 година кога во Франција кралот Чарлс IX го сменил календарот за сметање на времето.

До тогаш Новата Година се славела на 1ви Април. Со новиот календар Новата Година е преместена на 1ви Јануари.


Во тие далечни времиња вестите патувале споро па така некои луѓе дознале за промената дури по неколку години а имало и такви кои не сакале да го прифатат новиот календар и тие продолжувале да ја слават Новата Година на 1ви Април.



Овие луѓе биле нарекувани „глупчовци“ и биле предмет на исмејувањеод помладите. Биле кажувани шеги на нивна „сметка„ , смешни невистини, им биле праќани покани за забави кои воопшто не се одржувале. Тие луѓе биле нарекувани „Априлски риби“, бидејќи лесно наседнувале на триковите и шегите како што рибата лесно се фаќа на јадица.

Со текот на времето обичајот да се каже некоја шега или направи некој смешен трик продолжила на секој 1ви Април. Оваа традиција не само што станувала се попопуларна туку почнала да се шири од Франција насекаде во светот. Најпрво во Англија и Шкотска а потоа преку Американските колонии и во Америка и во целиот свет.

ВО МАКЕДОНИЈА како се празнува?

Па сите си знаеме нели? Со маскембали во градинките, училиштата а навечер по дискотеките и кафулињата... Маскираните деца и ученици се собираат на градските плоштади и паркови шетаат по градските улици и предизвикуваат внимание, смеење, коментари и на сите им е забавно.

Се смислуваат разни шеги и трикови а на крајот по успешниот трик оној што го „наседнал“ другиот извикува АПРИЛИ ЛИ ЛИ!

Па без разлика каде се наоѓате на овој ден немојте да бидете изненадени ако некој се пошегува со Вас!


ПРВОАПРИЛСКИ ТРИКОВИ

Како да ги „наместиш“пријателите и најблиските на денот на шегата ???!!!

Еве неколку идеи.... само внимавај дури ни на Први Април шегата да не биде премногу „солена“ или болна за оние за кои ја подготвуваш!

Потруди се на сите да им биде забавно и смешно!


Кога ќе сакаат да си одат пријателите на брат ми ќе им треба малку повеќе време.....


А кога ке се разбуди и ке се погледне во огледало…….Хе хе хе Ке има што да види!

Е.. за оваа финта ви треба базен….и маска на ајкула…..


Оваа финта…..хммм…па ….малку е невкусна а може да биде и болна и затоа …ЗАБОРАВЕТЕ ЈА!!!


03/03/2010

Презентации изработени од другарите од VI одд.


Погледнете дел од презентациите на тема КОМПЈУТЕРИ кои ги изработија вашите другари од 6то одделение на часовите Проекти од информатиката:
1. кликни овде
2. кликни овде
3. кликни овде

02/03/2010

Презентација за HIV / СИДА - изработена од проф. Цибрева Убавка


Презентацијата е наменета за сите заинтересирани посетители на блогот а пред се за учениците кои го посетуваат изборниот предмет Унапредување на здравјето.
Наставничката се извинува поради латиничниот фонт и се надева дека сепак содржината се разбира!
Кликни овде за да ја видиш презентацијата!

19/02/2010

До другарите од 5то!




Оставајте коментари со прашања и одговори за мултимедија, компјутерски мрежи и Интернет! Подгответе се за тестот кој е неделата по викендот!

До другарите од 6то!


Оставајте коментари со ваши прашања и одговори на тема компјутерски презентации!

10/02/2010

БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ!


ПОТСЕТУВАЊЕ!!!
Посетете го и разгледајте го веб сајтот со совети за безбедно користење на Интернет за вас и вашите родители!

14/12/2009

БЕЗБЕДНО НА ИНТЕРНЕТ!






Интернет не е секогаш сигурно и безбедно „место“ посебно за децата и тинејџерите!
Не се секогаш сите информации точни и не се секогаш сите корисници добронамерни и љубезни! Многу лесно може да ви се случи да бидете заведени, навредени, излажани...за жал! Многу ваши податоци и фотографии откако ќе бидат поставени на Интернет престануваат да бидат само ваши и може да бидете непријатно изненадени од тоа како некој без ваше знаење и одобрување ги искористил!
Во коментарите може анонимно да раскажете за нешто пријатно или непријатно што ви се случило додека сте сурфале или четувале(муабетеле) на Интернет!
Разгледајте го сајтот со адреса :
http://crisp.org.mk/content/view/34/48/lang,mk/
Ќе најдете многу корисни совети за безбедно користење на Интернет и може да прочитате за многу вистинити непријатни Интернет случки на ваши врсници кои може многу лесно да ви се случат ивам ако сте невнимателни и неинформирани!

26/11/2009

ПОБРЗО ДА ОЗДРАВИТЕ!


Поздрав до сите болни и настинати ученици! Им посакувам брзо оздравување и опоравување!
Пијте чајчиња, јадете лукче и кромидче и ќе биде се во ред!

Windows vs Mac vs Linux :-))))

12/11/2009

УЧЕБНИЦИ ПО ИНФОРМАТИКА


Утре од 10 до 11.30 часот во кабинетот по информатика секој што не успеал од било која причина да се обезбеди со учебник по Информатика во електронска форма, може да дојде со CD ( не со DVD или USB мемориски стик) за да го сними учебникот! Ова се однесува на 5то и 6то одделенците.
Ако имате другари за кои знаете дека немаат учебник пренесете им ја оваа информација! Сите оние кои можат нека си го симнат учебникот од линкот лево на блогот. Побарајте помош од родителите или од некој кој може да ви помогне ако неможете сами да се снајдете иако многу пати ја објаснивме постапката во училиште! Ако имате CD режач ве молам понудете им се на вашите другари да им го снимите учебникот на CD.
Ова е единствен начин на кој јас можам да ви помогнам околу учебниците по Информатика кои според моите информации не се пристигнати и не се знае кога и дали ќе пристигнат во училиштата!
После многу пати (скоро 3месеци) објаснување и потсетување за потребата и постапката за снабдување со електронска или печатена верзија на учебникот навистина нема да можам да прифатам извинување од ученик дека нема учебник и нема од каде да научи! Дел од лекциите за 6то и сите лекции за 5то во вид на презентации до сега беа поставувани на блогот! Ви благодарам!

11/11/2009

УЧЕБНИЦИ ЗА 5то И 6то!


На левата страна од блогот поставени се линкови, на кои со едноставен клик може да ги симнете учебниците за 5то и 6то одделение! Почекајте 5-10 минути и откако ќе се отвори учебникот, меморирајте го со клик на „save a copy“ во горниот лев агол на прозорецот!
Учебниците ТРЕБА да ги имате за да може подобро да учите и поедноставно да ги изработувате вежбите во училиште! Добро е ако имате можност да ги испечатите - дел по дел или целиот учебник!

03/11/2009

25/10/2009

Коментар на резултатите од гласањето


Ако сте искрени, а верувам дека сте, резултатите од гласањето ми се допаѓаат! Две третини од вас кои гласале, поминуваат пред компјутер помалку од 2 часа на ден што е СУПЕР! Вистински убавите нешта се муабети, дружење, забава, шетање, учење во реалност или „во живо“! Поздрав и благодарам до сите кои гласаа!