26/09/2009
25/09/2009
УБАВ ВИКЕНД на СИТЕ!
И...не го поминувајте само пред компјутер! Дружете се „во живо“ а не само на msn! Шетајте, одете на Пеленица, возете точак низ населба, помогнете дома околу печење и лупење пиперки, научете како се прави вкусно ајварче или пинџурче! Најдете време да си ги научите новите лекции и да напишете домашно за понеделник!
24/09/2009
Компјутерското глувче наполни 40 години
Компјутерското глувче, неизбежното помагало при секојдневната работа на персоналните компјутери, наполни 40 години.
Кога Даг Енгелбарт, научник во Универзитетот „Стенфорд“ и креатор на првото глувче, во 1968 година на своите колеги им го претставил прототипот, никој не можел да претпостави до каде ќе „стигне“ овој пронајдок.
- „Сите беа изненадени. Во 1968 година компјутерите немаа толку голема примена колку денес. Се чудеа зошто воопшто сум губел време и сум се мачел да измислувам уред што во тоа време и немаше практична примена“ - вели професорот Енгелбарт.
Прототипот на првото глувче бил едноставен уред.
- „Оригиналното глувче имаше два диска на долната страна со кои се движеше по подлогата. Имаше поддршка за три копчиња, а на првите проби се покажа успешен бидејќи успеавме со него да нацртаме совршени хоризонтални линии. Повеќе не се ни сеќавам кој од колегите го нарече глувче. Знам дека некој од лабораторијата рече дека му личи на механичко глувче“ - истакнува професорот.
Енгелбарт вели дека за својот пронајдок не зел ни паричка бидејќи не побарал навреме да ги регистрира авторските права и да го патентира уредот.
Во 1980 година е направен првиот оптички модел на глувче, по што бил отворен патот за изработка на повеќе варијанти на глувчето. Бројот на моделите денес не може ни да се наброи, бидејќи секоја компанија што произведува компјутерска опрема има свои модели приспособени на потребите на купувачот.
12/09/2009
Кои делови ги има внатре во персоналниот компјутер!
11/09/2009
09/09/2009
08/09/2009
Пишувајте кирилица!
07/09/2009
8ми Септември
06/09/2009
Информација за изборниот предмет - Информатика!
Сите ученици од 6то одд. кои избрале да посетуваат изборен предмет Информатика оваа година, а нема да имаат можност поради ограничениот број на ученици и паралелки, ќе може да го посетуваат предметот по иста програма следната учебна година - во 7мо одд. Во 7мо одд. нема да има редовен предмет Информатика,туку само изборен и тоа само за оние ученици кои не го посетувале во 6то одд. На крајот, во секој случај сите ученици во поглед на изучениот материјал по Информатика ќе бидат еднакви!
05/09/2009
Лекцијата за Блог за 6то одделенците!
Кликни за да ја видиш лекцијата за Блог - Веб дневник за VI редовен час Информатика!
Лекцијата е за учениците од 6то одд., а може да ја разгледаат сите кои ги интересира што е Веб дневник - блог и како се создава и уредува. За се што не ви е јасно прашајте на час или оставете коментар овде!