24/09/2009

Компјутерското глувче наполни 40 години

Компјутерското глувче, неизбежното помагало при секојдневната работа на персоналните компјутери, наполни 40 години.

Кога Даг Енгелбарт, научник во Универзитетот „Стенфорд“ и креатор на првото глувче, во 1968 година на своите колеги им го претставил прототипот, никој не можел да претпостави до каде ќе „стигне“ овој пронајдок.
- „Сите беа изненадени. Во 1968 година компјутерите немаа толку голема примена колку денес. Се чудеа зошто воопшто сум губел време и сум се мачел да измислувам уред што во тоа време и немаше практична примена“ - вели професорот Енгелбарт.

Прототипот на првото глувче бил едноставен уред.

- „Оригиналното глувче имаше два диска на долната страна со кои се движеше по подлогата. Имаше поддршка за три копчиња, а на првите проби се покажа успешен бидејќи успеавме со него да нацртаме совршени хоризонтални линии. Повеќе не се ни сеќавам кој од колегите го нарече глувче. Знам дека некој од лабораторијата рече дека му личи на механичко глувче“ - истакнува професорот.

Енгелбарт вели дека за својот пронајдок не зел ни паричка бидејќи не побарал навреме да ги регистрира авторските права и да го патентира уредот.

Во 1980 година е направен првиот оптички модел на глувче, по што бил отворен патот за изработка на повеќе варијанти на глувчето. Бројот на моделите денес не може ни да се наброи, бидејќи секоја компанија што произведува компјутерска опрема има свои модели приспособени на потребите на купувачот.

4 comments:

  1. Кирил Ценевски24/09/2009, 20:18

    Наставничке јас не сум ни знаел прв пат слушам.нова вест

    ReplyDelete
  2. nastavnicke mnogu se ubavi zavesite

    ReplyDelete
  3. i jas ne sum znaela nisto za ova

    ReplyDelete
  4. blagodaram nastavnicke sto ni dopolnuvate znaenjeto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    ReplyDelete

Внеси го својот коментар!