Во кое училиште учевте и како ја прославувавте Новата Година тогаш во училиштето?
Јас учев во ОУ Блаже Конески во Скопје. Тие времиња ги паметам како мирни и спокојни училишни денови. За Нова Година во помалите одделенија правевме новогодишни украси и ја украсувавме училницата а како седмо – осмо одделенци имавме забави – еден вид претпладневни игранки во училишниот хол кој беше голем и убав. На тие игранки свиреа во живо некои тогашни групи и бендови.
Што посакувате да ви се оствари во Новата Година?
Во Новата година посакувам прво здравје за моето семејство а потоа и за сите жители на нашата општина, градот и државата. Ако има здравје се се постигнува и се ќе си дојде на свое место.
Дали во прославувањето на Новата Година имате некоја традиција или верување?
Дома за Новата Година имаме традиција да китиме не пластична туку вистинска, жива елка. За китење на елката се одговорни моите две ќерки. Елката ја китиме со преубави разновидни лампиони кои ги чуваме одамна уште од пред 30тина години. На пролет елката ја засадуваме во овоштарникот во Соње и таму веќе имаме 20 тина пораснати новогодишни елки.
Го прославувам христијанскиот празник Божиќ и верувам дека на оној на кого ќе му се падне паричето од Божиќното лепче ќе има среќа и успеси целата година.
Кога би биле Дедо Мраз што би му подариле на нашето училиште?
Јас на вашето училиште би му подарил нова училишна зграда, водовод и реновирана спортска сала. Ова и реално се обидуваме да го оствариме во најскоро време во соработка на нашата општина со кинеската амбасада.
Која е вашата порака кон децата во Општина Кисела Вода?
Мојата порака кон децата од Општина Кисела Вода е да ја развиваат и негуваат кај себе човечноста и хуманоста, да ги почитуваат и да ги учат овие вредности од постарите. Денес луѓето се помалку се дружат а се повеќе се осамуваат во виртуелните светови пред компјутерите.

This comment has been removed by the author.
ReplyDeleteОдлично интервју,многу ми се допаѓа!
ReplyDelete