19/12/2014

за 7мо Пронаоѓање и замена на еден текст со друг




Со оваа можност во текстуален документ се пронаоѓа одреден збор и се заменува со друг.  
 Освен збор може да се пребарува и заменува и формат на зборови:
  фонт, големина, боја, стил (B, I, U)


 1. Наредба во Word:  EDITReplace


Во полето Find What се впишува зборот што се бара 

Во полето Replace With се впишува зборот со кој се заменува пронајдениот збор

2. Можни начини на пребарување:

-      цел збор (whole word),

-      збор со идентични мали и големи букви (match case) и др.

За 7мо ХИПЕРВРСКИ

-->
Хиперврска во текстуален документ е активен збор, група на зборови или слика кои по активирање водат кон локација со единствена адреса.

Таа локација може да биде:

-      веб страница или документ на Интернет

-      друг документ на истиот компјутер

-      друго место (ред, збор, слика, страница) во истиот документ

1. За да се постави хиперврска прво објектот на кои треба да се постави хиперврска се селектира.

2. Хиперврската може да се постави, активира, промени или избрише

3. За да се постави хиперврска кон друг документ треба точно да се избере адресата на документот.

4. Ако се избрише документот или се промени адресата на документот кон кој покажувала хиперврската тогаш таа нема да работи.

5. На еден објект може да се постави САМО ЕДНА хиперврска.

6. На различни објекти може да се постави ИСТА хиперврска.

09/12/2014

6 то Мултимедијални компјутерски програми


-->
1.  Медиум е средство за пренос или чување на податоци и информации
2.  Мултимедијалните содржини се комбинација од текст, слики, говор, музика, звуци, анимации, видео и др.
3.  Компјутерот е мултимедиум. Содржините кои ги користиме на компјутерот може но не мора да бидат мултимедијални.
4.    Програмите за пуштање на аудио и видео содржини се викаат медиа плеери. (Windows Media Player,VLC, Itunes, Real Player, QuickTime …)
5.    Звучните и видео фајловите зафаќаат најмногу компјутерска меморија.
6.  Програмите за смалување - компресија и  расширување – декомпресија на аудио и видео фајловите се викаат кодек програми.
КОмпресија – смалување + ДЕКомпресија – расширување
7.  Познат формат на компресирана музика е на пример mp3 а на видео содржини divX.
8. Програми за работа со мултимедиа под Windows се:
- Sound Recorderза снимање и пуштање на звуци и говор
- Volume Control – за контрола на звукот од компјутерот (појачување, стишување и сл.)
- Windows Media Player -  пуштање на музика и видео
- Windows movie maker -  правење на видео клипови

02/12/2014

Програма текст едитор 6то одд.

-->


1.  Текстот кој се пишува во компјутерските програми може да биде:
-       неформатиран
-       форматиран
2.  Неформатиран текст е текст напишан без многу уредување и “украси”. 
(ИНФОРМАТИКА)
3.  Форматиран текст е текст со различни уредувања и “украси” (боја, подвлекување, маркирање, рамки и сл.).
( ИНФОРМАТИКА )
4.    Текст едитори се програми за пишување на неформатиран текст.
5.    Teкст едиторот под ОS Windows се вика Notepad.
6.    Наставката на фајловите направени во програмата е txt.
7.    Фонт е начин на испишување на буквите од азбуката на компјутер.
8.    Фонтовите имаат име: Times New Roman, Arial, Algerian...
9.    За фонтот може да се избере големина и стил (задебелен, искосен, подвлечен)
10.Значење на наредбите за меморирање:
Save As – снимање на нова локација и име
Save – снимање под старо име и локација

18/11/2014

за 6то - ФОЛДЕРИ И ФАЈЛОВИ

-->

-->
1.       ФОЛДЕР е електронска папка во која се чуваат други фолдери и фајлови.
2.       ФОЛДЕР = ЕЛЕКТРОНСКА ПАПКА = ДИРЕКТОРИУМ=ИМЕНИК
3.       Секој фолдер мора да има адреса која се состои од име и локација (место) каде е сочуван.
4.       Фолдер може да направи корисник или програма.
5.       ФАЈЛ е група на податоци меморирани заедно.
6.       ФАЈЛ = ДОКУМЕНТ = ДАТОТЕКА
7.       Видови фајлови според видот на податоците во нив:
-       текстуални
-       графички
-       аудио
-       видео
-       извршни – стартуваат програма
8.       Секој фајл мора да има адреса која се состои од име, место и наставка(екстензија).
9.       Наставката покажува од кој вид е фајлот.
Различни видови фајлови имаат различни наставки:
            на пример:
            текстуални: doc, txt,
графички:    bmp, jpg, gif, png,    
аудио:           mp3, wma,       
видео:            divX, wmv, mov,        
извршни –стартуваат програми: exe.
10.     Активности со фолдери и фајлови:
-       правење нов фајл:      new – folder
-       бришење:                   delete
-       копирање:                  copy
-       отсекување:               cut
-       поставување:             paste
-       преименување:         rename
-       селектирање:            со лев клик
-       преместување:         лев клик, влечи, пушти
11.    Во ист фолдер НЕ МОЖЕ да има два фајла со исто име
12.    Во различни фолдери МОЖЕ да има два фајла со исто име.
13.    Ако еднаш ископираме или отсечеме (COPY, CUT) фајл или фолдер потоа може да направиме PASTE  на различни локации онолку пати колку што сакаме.
1 CUT    безброј PASTE             1 COPY – Безброј PASTE

10/11/2014

за 6то ОПЕРАТИВНИ СИСТЕМИ

-->

1.     Програма е низа од инструкции според кои компјутерот работи на одредена задача.
2.     Оперативен систем е најважната програма за работа со компјутерот (со периферните уреди, меморијата и останатите програми ).
3.     ОС прв се стартува при вклучување а последен се затвара при исклучување на компјутерот.
4.     Видови ОС за персоналните компјутери:
Windows         - најпопуларен – фирма сопственик Microsoft
Linux               - бесплатен
Mac OS X       - најсигурен и најстабилен – фирма сопственик - Apple
Unix                - најстар (се користи на сервери и големи компјутери)
5.     Секој ОС има свои верзии
Windows         2000, XP, Vista, 7, …,10
Linux               Ubuntu, Edubuntu, Mandriva
Mac OS X       Tiger, Panther, Jaguar, Leopard, ...,Yosemite
6.     Оперативните системи се слични по своите функционалности а различни по изгледот.
7.     Карактеристики на ОС:
-       Повеќекориснички, со можност за работа на повеќе корисници во своја околина (multi user)
-       со можност за паралелна работа со повеќе програми (multi tasking)
8.     Начини на работа на секој ОС:
-       графички начин на работа (преку икони, прозорци, менија)
-       текстуален начин на работа (со пишување наредби на екран)
9.     Елементи кој ги има секој ОС:
-       работна површина (desktop) на која се поставени:
o   ленти (една или повеќе)
o   икони
10.  Икона е мала слика со која е прикажан фолдер или фајл.
11.  Прозорец е објект во ОС во кој се прикажува содржината на иконата.
12.  Иконата се отвара во прозорец, прозорецот се затвора во икона.
13.  Елементи на секој прозорец се:
-       лента со име
-       лента со мени
-       лента со алатки
-       дел за приказ на содржината на иконата
-       лизгачи