10/11/2014

за 6то ОПЕРАТИВНИ СИСТЕМИ

-->

1.     Програма е низа од инструкции според кои компјутерот работи на одредена задача.
2.     Оперативен систем е најважната програма за работа со компјутерот (со периферните уреди, меморијата и останатите програми ).
3.     ОС прв се стартува при вклучување а последен се затвара при исклучување на компјутерот.
4.     Видови ОС за персоналните компјутери:
Windows         - најпопуларен – фирма сопственик Microsoft
Linux               - бесплатен
Mac OS X       - најсигурен и најстабилен – фирма сопственик - Apple
Unix                - најстар (се користи на сервери и големи компјутери)
5.     Секој ОС има свои верзии
Windows         2000, XP, Vista, 7, …,10
Linux               Ubuntu, Edubuntu, Mandriva
Mac OS X       Tiger, Panther, Jaguar, Leopard, ...,Yosemite
6.     Оперативните системи се слични по своите функционалности а различни по изгледот.
7.     Карактеристики на ОС:
-       Повеќекориснички, со можност за работа на повеќе корисници во своја околина (multi user)
-       со можност за паралелна работа со повеќе програми (multi tasking)
8.     Начини на работа на секој ОС:
-       графички начин на работа (преку икони, прозорци, менија)
-       текстуален начин на работа (со пишување наредби на екран)
9.     Елементи кој ги има секој ОС:
-       работна површина (desktop) на која се поставени:
o   ленти (една или повеќе)
o   икони
10.  Икона е мала слика со која е прикажан фолдер или фајл.
11.  Прозорец е објект во ОС во кој се прикажува содржината на иконата.
12.  Иконата се отвара во прозорец, прозорецот се затвора во икона.
13.  Елементи на секој прозорец се:
-       лента со име
-       лента со мени
-       лента со алатки
-       дел за приказ на содржината на иконата
-       лизгачи

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!