15/05/2014


 EXCEL

Excel  е програма која овозможува:
·       подредување на податоците во табела,
·       табеларни пресметки и
·       графички приказ на податоците
Како е поделен работниот документ
Работниот документ се состои од работни листови.
Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со броеви.
Работните листови имаат име. Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или во друг работен документ.
Пресекот на една редица и колона е правоаголниче кое се вика клетка.
Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на редицата. На пр. В13
Податоците се внесуваат во клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе клетки.
Клетките може да се пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ. (со редни броеви, месеци, денови од неделата и сл.)
 Во клетките може да се внесуваат текстуални и бројни податоци, формули и функции.
На пр. Текстуален податок е Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).
ФОРМАТИРАЊЕ податоци и клетки
Податоците се форматираат по: фонт, големина, стил, боја, позиција.
Бројните податоци може да се форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви, валута, време, текст и сл.
Клетките се форматираат со: позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
Со селектирање повеќе клетки и податоците во нив може да се форматираат истовремено.
При бришење на податоците од клетките, форматот останува.
При копирање или отсекување на податоците од клетките се копира и отсекува и форматот на податокот и клетката.

Соседни, несоседни клетки и ранг
Клетките од работниот лист може да бидат соседни и несоседни.
Соседни клетки се оние кои имаат заедничка редица или колона.
Несоседните клетки се од различни редици и колони.
Група на соседни клетки се вика РАНГ. Рангот има адреса на пр. А2:С5.

Формули и функции
Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
Функции се готови формули кои имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во клетките се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)

ГРАФИК
Сликовитиот приказ на податоците се вика график.
Графикот може да биде: столбест, линиски, пита и др. Типот на графикот зависи од тоа каква анализа треба да се направи на податоците (споредување, промена, пратење и сл.)
Графикот има наслов, име на оските, легенда.
Може да се форматира со избор на фонт, големина и боја на текстот, позадина, боја на графичките елементи, дебелина на оските и сл.
Со промена на вредностите на податоците во клетките се менува и изгледот на графикот. Тоа се вика ДИНАМИЧКИ график.

11/05/2014


WORD

Word е програма текст процесор за пишување и уредување на текст.
Word документот е поделен на страници.

ЛЕНТИ СО АЛАТКИ
·       Стандардна – standard
(работа со фајлови, копирање, отсекување, поглед на документот и др)
·       За форматирање – formatting
 (избор на фонт, големина, стил, позиција, боја, набројување...)
·       За цртање графички објекти и украсно пишување – drawing
(цртање готови графички форми и украсно пишување, вметнување слики, геометриски трансформации на сликите и др.)
·       За работа со табели и рамки – tables and borders
(внесување, форматирање, уредување табели и рамки)
·       Статусна лента и др.
(приказ на број на страни, тековна страна, линија, колона, јазична поддршка и др)
ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
Помеѓу зборовите се остава едно празно место. Едно празно место се остава и после интерпукциските знаци (.,:?), а пред нив не се остава празно место.

ФОРМАТИРАЊЕ НА ТЕКСТ
Уредувањето на изгледот на текстот уште се вика и форматирање.
За да се форматира текстот може да се избере:
·       Фонт,
·       големина на фонтот,
·       боја,
·       стил (задебелени букви, подвлечени, искосени),
·       позадина на текстот,
·       позиционирање во редот(лево, средина, двојно порамнето и десно) и др.
·       Форматот на текстот може да се менува. Кога се отсекува или копира текст се копира и неговиот формат.

СЛИКИ И ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ
Во текстуален документ може да се поставуваат и слики и графички објекти.
Сликите се поставуваат во документот на местото каде што е курсорот - покажувачот.
Сликите може да се внесат од специјален фолдер од самата програма Clipart , од фолдер на компјутерот или од друга програма со copy-paste, од камера и сл.
Димензиите на сликите може да се менуваат, сликите може да се бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат.

РАМКИ
Во текстуалниот документ може да се поставуваат рамки: околу текстот, околу сликите или на целата страница.
Избраната рамка на страница се појавува на сите останати страници од документот. Не може да ја има само на одредени страници туку на сите.

АВТОМАТСКО НАБРОЈУВАЊЕ
Во програмата за пишување и уредување на текст може да се користи автоматско набројување: со броеви, букви или знаци и комбинирано. По потреба начинот на набројување може да се менува или набројувањето да се избрише.

ТАБЕЛИ
Податоците во програмата може да се подредуваат во табела. Табелата се состои од редици и колони. Во пресекот на една редица и колона се наоѓа поле кое го викаме клетка.
Редиците и колоните може да се додаваат и бришат, спојуваат и разделуваат. Изгледот на табелата може да се уредува - форматира со избор на стил, дебелина и боја на рабовите и позадина на клетките.

МАРГИНИ И ОРИЕНТАЦИЈА НА ЛИСТ
Белите површини на листот околу текстот се викаат МАРГИНИ. На листот има 4 маргини – горна, долна, лева и десна. Нивната големина може да се менува.
Листот на кој се пишува може да има 2 ориентации: хоризонтална и вертикална.

ПЕЧАТЕЊЕ
При печатење на текстуален документ треба да се избере:
·       печатар, ако на комјутерот се поврзани повеќе од еден печатар
·       страници кои треба да се печатат: сите, тековната (кај што е курсорот), група на страници (во редослед на пр. Од 3-12 или несоседни 12, 14, 23, 29). Исто може да се избере и број на копии од страниците кои се печатат.