EXCEL
Excel е програма која овозможува:
· подредување на податоците во табела,
· табеларни пресметки и
· графички приказ на податоците
Како е поделен работниот документ
Работниот документ се состои
од работни листови.
Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со броеви.
Работните листови имаат име.
Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или
во друг работен документ.
Пресекот на една редица и
колона е правоаголниче кое се вика клетка.
Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на
редицата. На пр. В13
Податоците се внесуваат во
клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе клетки.
Клетките може да се
пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ. (со редни броеви, месеци, денови од
неделата и сл.)
Во клетките може да се внесуваат текстуални и
бројни податоци, формули и функции.
На пр. Текстуален податок е
Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).
ФОРМАТИРАЊЕ податоци и клетки
Податоците се форматираат по:
фонт, големина, стил, боја, позиција.
Бројните податоци може да се
форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви, валута,
време, текст и сл.
Клетките се форматираат со:
позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
Со селектирање повеќе клетки и
податоците во нив може да се форматираат истовремено.
При бришење на податоците од
клетките, форматот останува.
При копирање или отсекување на
податоците од клетките се копира и отсекува и форматот на податокот и клетката.
Соседни, несоседни клетки и ранг
Клетките од работниот лист
може да бидат соседни и несоседни.
Соседни клетки се оние кои
имаат заедничка редица или колона.
Несоседните клетки се од
различни редици и колони.
Група на соседни клетки се
вика РАНГ. Рангот има адреса на пр. А2:С5.
Формули и функции
Формулите се математички
изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички симболи
(+,-,*,/ и др.).
Функции се готови формули кои
имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои
се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во спротивно запишаниот израз
ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во
клетките се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие
клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)
ГРАФИК
Сликовитиот приказ на
податоците се вика график.
Графикот може да биде:
столбест, линиски, пита и др. Типот на графикот зависи од тоа каква анализа
треба да се направи на податоците (споредување, промена, пратење и сл.)
Графикот има наслов, име на
оските, легенда.
Може да се форматира со избор
на фонт, големина и боја на текстот, позадина, боја на графичките елементи,
дебелина на оските и сл.
Со промена на вредностите на
податоците во клетките се менува и изгледот на графикот. Тоа се вика ДИНАМИЧКИ
график.
No comments:
Post a Comment
Внеси го својот коментар!