1. Меѓусебно поврзани компјутери
претставуваат компјутерска мрежа.
2. Компјутерите се поврзуваат во мрежа за да
разменуваат меѓусебно податоци и користат заеднички програми.
3. Според меѓусебната оддалеченост
КМ ги делиме на: LAN, WAN и INTERNET.
4. LAN – Local Area Network – Мала КM
- Компјутерите
од LAN мрежата се наоѓаат на мало меѓусебно растојание (соба,
зграда и сл.).
- Тие
разменуваат меѓу себе податоци, програми и може да користат заеднички печатар,
скенер и др.
Уреди за поврзување во LAN мрежа се:
- мрежна картичка жична или безжина
- свич или рутер – жичен или
безжичен
5. WAN –
Wide Area Network – Голема КM
- Компјутерите
од WAN мрежата се на големо меѓусебно растојание (град, држава,
континент).
- Тие
разменуваат меѓу себе податоци и програми.
- Уреди
за поврзување во WAN мрежа се:
- телефонски кабли
- сателитски антени и сателити
- трансокеански кабли
- WAN мрежата може да ја замислиме како мрежа од мрежи (LAN и
помали WAN).
6. INTERNET – International Network – Светска Компјутерска Мрежа
-Интернет
ги поврзува меѓусебно копјутерите низ целиот свет.
- Интернет
е најголемата WAN мрежа во светот.
No comments:
Post a Comment
Внеси го својот коментар!