24/02/2015

ПРАШАЊА ЗА ПОВТОРУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА ЗА ТЕСТ - 6то



1.                Што е компјутерска мрежа?
2.                Зошто е потребно да се поврзуваат компјутерите во мрежа?
3.                Какви видови мрежи постојат според меѓусебната оддалеченост на поврзаните компјутери?
4.                Интернет сервис провајдери се:
А) програми за отварање веб страници
Б) фирми за поврзување на Интернет
5. Кратенката за адреса на документ поставен за разгледување на Интернет е: URL, IP, WWW
6. Кратенката за адреса на компјутер поврзан на Интернет е: URL, IP, WWW
7. Наброј барем 3 сервиси на Интернет!
8. Програмите за отварање и разгледување на веб страници се викаат ___________________.
9. Напиши имиња на 2 програми за отварање и разгледување н веб страници!
10. Компјутерите кои ги користат Интернет сервисите се викаат __________.
11. Веб сајт = веб страница  Точно   Неточно
12. Веб сајт е колекција од една или повеќе ___________
13. Напиши адреса на една веб страница!
14. Адресата на веб страницата се состои од делови меѓусебно одделени со точка коиги викаме ___________.
15. Напиши два домена за држава!
16. Напиши два домена за тип на сајт!
17. Сервисот за примање и испраќање на електронски пораки се вика _____________.
18. Напиши една имеил адреса!
19. По кој знак препознавате дека станува збор за имеил адреса?
20. За да направам своја  електронска пошта треба да се: најавам, регистрирам, логирам
21. За да се најавите на имеил сервер на кои сте регистрирани што ви е потребно?
22. Што значи при работа со електронски пораки forward?
23. Што значи при работа со електронски пораки reply?
24. Наброј барем три дела од електронското сандаче!
25. Кој е најпознат пребарувач на веб страници на Интернет?
26. Што може да пребаруваме на Интернет?
27. Како го викаме зборот со кој го опишуваме поимот што го бараме? _______________
28. Наброј ги видовите на штетни компјутерски програми!
29. Како се заразува компјутерот со вируси?
30. како се заштитува компјутерот од вируси?
31. Какава штета може да направат вирусите?
32. Напиши лозинка лесна за пробивање!
33. напиши лозинка тешка за пробивање!


23/02/2015

Компјутерска презентација 7мо



КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
  1. Презентација направена со помош на соодветна компјутерска програма се вика КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
  2. Компјутерската презентација се состои од слајдови.
  3. Прикажувањето на слајдовите во редослед на цел екран се вика слајд шоу.
  4. Видови содржини кои може да се поставуваат на слајд: текстови, слики, видео, анимации, музика и др.
  5. Вообичаено компјутерските презентации се мултимедијални.
  6. За распоредување на содржините на слајдот се избира шема на слајдlayout.
  7. На секој слајд може да се постави позадина – еднобојна, двобојна, шара, слика и сл.
  8. Позадините може да бидат исти за сите слајдови или различни.
  9. Слајдовите од презентацијата може да се бришат, копираат, отсекуваат, преместуваат и поставуваат во истата или друга презентација.
  10. Помеѓу слајдовите може да се постават ИСТИ или различни видео или звучни ефекти на премин – ефекти на транзиција.
  11. На објектите на слајдот (наслов, набројување, слика) може да  се постават ефекти на движење – анимација.
  12. Презентацијата е интерактивна ако на слајдовите има објекти со хиперврски (текстови или слики) со кои корисникот може да го избира и менува текот на слајдовите.
  13.  Хиперврските во презентација може да водат кон:- друг слајд во презентацијата
    - друг документ на компјутерот
    - документ поставен на Интернет

EФЕКТИ НА АНИМАЦИЈА И ТРАНЗИЦИЈА
1.Постојат различни можности за движење во редослед низ слајдовите од презентацијата
- со клик на глувчето
- автоматски со поставување на време
- со комбинација на клик на глувче и време
2. За секој слајд посебно може да се избере начин на активирање на ефектите на премин
 3. Видови ефекти на анимација:
-         Влез –                                  entrance    (објектот се појавува со анимацијата)
-         Нагласување –                   emphasis   (објектот е на слајдот и започнува движење)
-         Излез                             exit        (објектот го напушта слајдот со анимацијата)
-         патека на движење –        motion paths (објектот се движи по слајдот по избрана патека)
4. На еден објект на слајдот може:
-         да се постават повеќе ефекти,
-         да се бришат ефектите
-         да се менува нивниот редослед.
5. Eфектите на анимација може да се активираат:
- Еден по друг
- сите истовремено
- комбинирано 
6. Сите избрани ефекти може да се бришат и менуваат
7. За некои ефекти може да се избираат параметри како: брзина, време, насока, големина и сл.


11/02/2015

ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА (за 6то)

-->

1. Електронска пошта е сeрвис на Интернет за примање и испраќање на електронски пораки.
2. Компјутерите “задолжени” за примање, испраќање и чување на електронската пошта се викаат  имеил сервери.
4. Клиентите со Меил серверите најчесто се поврзуваат преку веб страници со внесување на корисничко име и лозинка.
Најпознати се:
-       YAHOO со веб адреса mail.yahoo.com
-       GOOGLE  со веб адреса mail.google.com
5. За да се користи електронската пошта корисниците мора да имаат своја имеил адреса.
6. Имеил адресата се состои од два дела:
-       Корисничко име и
-       име на меил серверот одделени со знакот @.
На пр. maja@yahoo.com или maja@gmail.com

7. ПОСТАПКА ЗА НОВА ИМЕИЛ АДРЕСА:
-       Се избира меил сервер,
-       се внесув во веб броузер неговата адреса,
-       се избира SIGN UP и
-       се пополнува формулар.
8. Електронското сандаче се состои од неколку делови:
-       Inbox – за примени пораки
-       Spam – за непожелни пораки
-       Sent – испратени пораки
-       Trash – избришани пораки
-       Draftsзапочнати но недовршени пораки
9. На примена порака може да се направи следното:
-       Reply – одговор а испраќачот
-       Forward – препраќање на пораката на други
-       report spam – прогласување за непожелна
-       delete - бришење
-       print – печатење
10. За да се напише и испрати нова порака потребно е да се внесе:
-       меил адреса на примачот (една или повеќе)
-       Име на пораката (наслов)
-       текст
-       по желба да се закачи фајл
-        
11. Електронски пораки се состојат од наслов, тело во кое се пишува текст, и адреса на примачот.
-        Во пораката може да се внесе линк или да се закачи фајл.

Сервис на Интернет за пребарување веб страници (за 6то одд.)


1. Пребарувачи на Интернет се сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници кои содржат информации кои им се потребни.
2. Овие сервери го сочинуваат сервисот на Интернет кој се вика машини за пребарување (search engines).
3. Пристапот до серверот за пебарување е преку веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати пребарувачи се:
Googlewww.google.com
Yahoo – search.yahoo.com
MSNwww.msn.com и др.
4. Постојат два начини на пребарување:
-      по област
-      по клучен збор
5. Области се: здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7.  Со клучен збор може да се пребарува  текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Првите неколку реченици од страницата за да дознаеме за содржината
- Адреса на страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти