23/02/2015

Компјутерска презентација 7мо



КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА
  1. Презентација направена со помош на соодветна компјутерска програма се вика КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
  2. Компјутерската презентација се состои од слајдови.
  3. Прикажувањето на слајдовите во редослед на цел екран се вика слајд шоу.
  4. Видови содржини кои може да се поставуваат на слајд: текстови, слики, видео, анимации, музика и др.
  5. Вообичаено компјутерските презентации се мултимедијални.
  6. За распоредување на содржините на слајдот се избира шема на слајдlayout.
  7. На секој слајд може да се постави позадина – еднобојна, двобојна, шара, слика и сл.
  8. Позадините може да бидат исти за сите слајдови или различни.
  9. Слајдовите од презентацијата може да се бришат, копираат, отсекуваат, преместуваат и поставуваат во истата или друга презентација.
  10. Помеѓу слајдовите може да се постават ИСТИ или различни видео или звучни ефекти на премин – ефекти на транзиција.
  11. На објектите на слајдот (наслов, набројување, слика) може да  се постават ефекти на движење – анимација.
  12. Презентацијата е интерактивна ако на слајдовите има објекти со хиперврски (текстови или слики) со кои корисникот може да го избира и менува текот на слајдовите.
  13.  Хиперврските во презентација може да водат кон:- друг слајд во презентацијата
    - друг документ на компјутерот
    - документ поставен на Интернет

EФЕКТИ НА АНИМАЦИЈА И ТРАНЗИЦИЈА
1.Постојат различни можности за движење во редослед низ слајдовите од презентацијата
- со клик на глувчето
- автоматски со поставување на време
- со комбинација на клик на глувче и време
2. За секој слајд посебно може да се избере начин на активирање на ефектите на премин
 3. Видови ефекти на анимација:
-         Влез –                                  entrance    (објектот се појавува со анимацијата)
-         Нагласување –                   emphasis   (објектот е на слајдот и започнува движење)
-         Излез                             exit        (објектот го напушта слајдот со анимацијата)
-         патека на движење –        motion paths (објектот се движи по слајдот по избрана патека)
4. На еден објект на слајдот може:
-         да се постават повеќе ефекти,
-         да се бришат ефектите
-         да се менува нивниот редослед.
5. Eфектите на анимација може да се активираат:
- Еден по друг
- сите истовремено
- комбинирано 
6. Сите избрани ефекти може да се бришат и менуваат
7. За некои ефекти може да се избираат параметри како: брзина, време, насока, големина и сл.


No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!