-->
Задача:
Компјутерска графика
1. Сликите нацртани или обработени со
помош на компјутерска програма се викаат компјутерка
графика.
2. Компјутерската графика може да биде:
- Битмапирана (сликата е мапа од обоени точки – пиксели)
- Векторска (сликата се состои од нацртани линии – вектори)
3. Карактеристики на компјутерската графика
- Битмапираните слики лесно се менуваат по изглед, а потешко им се менуваат димензиите – се заматуваат.
- Векторските слики тешко се менуваат по изглед, а лесно им се менуваат димензиите.
4. Графичка резолуција е карактеристика на
компјутерска слика и претставува број на точки вертикално и хоризонтално кои се
потребни за сликата да се прикаже на екран.
На пр. 360х250, 1024х768
Задача:
Препознај ги и подвлечи ги наставките на графичките фајлови!
doc,
bmp, jpg, txt, mp3, gif
Paint
1. Paint е компјутерска програма за изработка на битмапирана
графика.
2. Означен дел од сликата се вика блок.
- Деловите од сликата се означуваат со алатките за селектирање. (Нацртај ги)
- Блокот може да биде со или без позадина.
(Во кое квадратче од палетата е бојата на позадината?) – долното
3. Активности со блокови:
- Блоковите може да се бришат, преместуваат, отсекуваат, копираат и
поставуваат.
4. Геометриски
трансформации со блокови се:
- хоризонтално превртување
- вертикално превртување
- ротација за агол: 90, 180, 270
- хоризонтално скратување и расширување
- вертикално скратување и расширување
- хоризонтално искосување за позитивен или негативен агол.
- Вертикално искосување за позитивен или негативен агол
Задача:
Препознај ги и напиши ги геометриските
трансформации направени на првата куќа!
Напиши го значењето на наредбите од менито File на Paint:
-
New____________________________, Open______________________________
-
Save As__________________________, Save______________________________
-
Print____________________________, Exit________________________________