18/04/2015

Компјутерска графика

-->
Компјутерска графика

1. Сликите нацртани или обработени со помош на компјутерска програма се викаат компјутерка графика.

2. Компјутерската графика може да биде:
-       Битмапирана (сликата е мапа од обоени точки – пиксели)
-       Векторска (сликата се состои од нацртани линии – вектори)

3. Карактеристики на компјутерската графика
  • Битмапираните слики лесно се менуваат по изглед, а потешко им се менуваат димензиите – се заматуваат.
  • Векторските слики тешко се менуваат по изглед, а лесно им се менуваат димензиите.

4. Графичка резолуција е карактеристика на компјутерска слика и претставува број на точки вертикално и хоризонтално кои се потребни за сликата да се прикаже на екран.
На пр. 360х250, 1024х768

Задача:
Препознај ги и подвлечи ги наставките на графичките фајлови!
doc, bmp, jpg, txt, mp3, gif

Paint

1. Paint е компјутерска програма за изработка на битмапирана графика.

2. Означен дел од сликата се вика блок.
- Деловите од сликата се означуваат со алатките за селектирање. (Нацртај ги)
- Блокот може да биде со или без позадина.  (Во кое квадратче од палетата е бојата на позадината?) – долното

3. Активности со блокови:
- Блоковите може да се бришат, преместуваат, отсекуваат, копираат и поставуваат.

4. Геометриски трансформации со блокови се:
-       хоризонтално превртување
-       вертикално превртување
-       ротација за агол: 90, 180, 270
-       хоризонтално скратување и расширување
-       вертикално скратување и расширување
-       хоризонтално искосување за позитивен или негативен агол.
-       Вертикално искосување за позитивен или негативен агол

  




















Задача:
Препознај ги и напиши ги геометриските трансформации направени на првата куќа!




Напиши го значењето на наредбите од менито File на Paint:
-       New____________________________, Open______________________________
-       Save As__________________________, Save______________________________
-       Print____________________________, Exit________________________________

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!