Word е
програма текст процесор за
пишување и уредување на текст.
Word документот
е поделен на страници.
ЛЕНТИ СО АЛАТКИ
-
стандардна лента за работа со фајлови Standard
-
лента за форматирање на текстот Formatting
-
лента за цртање и графички објекти Drawing
-
статусна лента Status
ПРАВИЛА ЗА
ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
· Помеѓу
зборовите се остава едно празно место.
· После
интерпункциските знаци (.,:?)
се остава едно празно место
· Пред интерпункциските
знаци не се остава празно место.
ФОРМАТИРАЊЕ НА
ТЕКСТ
Уредувањето на изгледот на текстот уште се вика и форматирање.
За да се форматира текстот може да се избере:
· Фонт,
· големина
на фонтот,
· боја,
· позадина на текстот,
· стил
(задебелени букви, подвлечени, искосени),
· позиционирање
во редот (лево, средина, двојно
порамнето и десно) и др.
Кога се
отсекува или копира текст се копира и неговиот формат.
СЛИКИ И ГРАФИЧКИ
ОБЈЕКТИ
· Во
текстуален документ може да се поставуваат слики, графички објекти и украсно
пишување.
· Сликите
се поставуваат во документот на местото каде што е курсорот - покажувачот.
· Сликите
може да се внесат од специјален фолдер од самата програма Clipart , од фолдер на
компјутерот или од друга програма со copy-paste, од камера и сл.
· Димензиите на сликите може да се
менуваат, сликите може да се бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат.
РАМКИ
Каде може да се
постават
· Во
текстуалниот документ може да се поставуваат рамки: околу текстот, околу
сликите или на целата страница
Правила за
поставување
· Избраната
рамка на страница се појавува на сите останати страници од документот. Не може
да ја има само на одредени страници туку на сите.
АВТОМАТСКО
НАБРОЈУВАЊЕ
- Во програмата за пишување и уредување на текст може да се користи автоматско набројување: со броеви, букви или знаци и комбинирано.
- По потреба начинот на набројување може да се менува или набројувањето да се избрише.
ТАБЕЛИ
- Податоците во програмата може да се подредуваат во табела.
- Табелата се состои од редици и колони.
- Во пресекот на една редица и колона се наоѓа поле кое го викаме клетка.
- Редиците и колоните може да се додаваат и бришат, спојуваат и разделуваат.
- Изгледот на табелата може да се уредува - форматира со избор на стил, дебелина и боја на рабовите и позадина на клетките.
- Со селектирање на редица, колона или цела табела и со притискање на копчето DELETE од тастатурата се брише само содржината на табелата а не и самата табела
- Табела, редици или колони од табелата се бришат со : селектирање и избор на наредба од менито на Table за бришење редици и колони
МАРГИНИ И
ОРИЕНТАЦИЈА НА ЛИСТ
- Белите површини на листот околу текстот се викаат МАРГИНИ.
- На листот има 4 маргини – горна, долна, лева и десна. Нивната големина може да се менува.
- Листот на кој се пишува може да има 2 ориентации: хоризонтална - пејсаж и вертикална - портрет.
ПЕЧАТЕЊЕ
При печатење на текстуален документ треба да се избере:
·
печатар, ако на комјутерот се поврзани
повеќе од еден печатар
·
страници кои треба да се печатат: сите,
тековната (кај што е курсорот), група на страници (во редослед на пр. Од 3-12
или несоседни 12, 14, 23, 29). Исто може да се избере и број на копии од
страниците кои се печатат.
No comments:
Post a Comment
Внеси го својот коментар!