КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА ПРОГРАМАТА EXCEL?
Excel е програма која овозможува:
· подредување
на податоците во табела,
· табеларни
пресметки и
· графички
приказ на податоците
КАКО Е ПОДЕЛЕН
РАБОТНИОТ ДОКУМЕНТ
· Работниот
документ се состои од работни листови.
· Работниот
лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со
броеви.
· Работните
листови имаат име. Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и
преместуваат во истиот или во друг работен документ.
· Пресекот
на една редица и колона е правоаголниче кое се вика клетка.
· Секоја
клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на
редицата. На пр. В13, AB22
· Податоците
се внесуваат во клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе
клетки.
· Клетките
може да се пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ.
(со редни броеви, месеци, денови од неделата и сл.)
· Во
клетките може да се внесуваат текстуални и бројни податоци, формули и функции.
На пр. Текстуален податок е
Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).
ФОРМАТИРАЊЕ
податоци и клетки
· Податоците се форматираат по:
фонт, големина, стил, боја, позиција.
· Бројните податоци може да се
форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви,
валута, време, текст и сл.
· Клетките се форматираат со:
позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
· Со
селектирање повеќе клетки и податоците во нив може да се форматираат
истовремено.
· При
бришење на податоците од клетките, форматот останува.
· При
копирање или отсекување на податоците од клетките се копира и отсекува и
форматот на податокот и клетката.
СОСЕДНИ,
НЕСОСЕДНИ КЛЕТКИ И РАНГ
· Клетките од работниот
лист може да бидат соседни и
несоседни.
o Соседни
клетки се оние кои имаат заедничка редица или колона.
o Несоседните
клетки се од различни редици и колони.
· Група на
соседни клетки се вика РАНГ.
Рангот има адреса на пр. А2:С5.
ФОРМУЛИ И
ФУНКЦИИ
· Формулите
се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички
симболи (+,-,*,/ и др.).
· Функции
се готови формули кои имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
· Пред
формулите и функциите кои се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во
спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
· Со
промена на вредноста во клетките се менува и вредноста на формулите и функциите
во кои се користат тие клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)
ГРАФИК
· Сликовитиот
приказ на податоците се вика график.
Видови графици
· Графикот
може да биде: столбест, линиски, пита и др. Типот на графикот зависи од тоа
каква анализа треба да се направи на податоците (споредување, промена, пратење
и сл.)
Карактристики на
график
· Графикот
има наслов, име на оските, легенда.
· Може да
се форматира со избор на фонт, големина и боја на текстот, позадина, боја на
графичките елементи, дебелина на оските и сл.
· Со
промена на вредностите на податоците во клетките се менува и изгледот на
графикот. Тоа се вика ДИНАМИЧКИ
график.