21/09/2015

За 6то - Видови компјутери




СОВРЕМЕНИ КОМПЈУТЕРИ (план за учење)

ПОДЕЛБА
1.    Современите компјутери може да бидат:
Супер компјутери
Големи компјутери и
Микрокомпјутери.
СУПЕР КОМПЈУТЕРИ
2.    Супер компјутерите се најбрзи и најмоќни компјутери денес. Се користат за научни истражувања.
ГОЛЕМИ КОМПЈУТЕРИ
3.    Големите компјутери се брзи и моќни компјутери кои се користат за работа со голем број податоци од голем број корисници.
4.    Ги има во големите компании, банки, болници и слично.


МИКРОКОМПЈУТЕРИ
5.    Микрокомпјутерите се мали компјутери кои според намената може да бидат
-       СЕРВЕРИ
-       ПЕРСОНАЛНИ КОМПЈУТЕРИ.
              
              СЕРВЕРИ
6.    Серверите НЕ СЕ наменети за работа на еден човек.
7.    Тие овозможуваат повеќе персонални компјутери да се поврзат со нив за да користат заеднички програми и податоци.
8.    Ги има во помали фирми, училишта, продавници и сл.

ПЕРСОНАЛНИ КОМПЈУТЕРИ
9.    Персоналните компјутери се наменети за работа на еден човек.
10. Ги има во домови, канцеларии, продавници, аптеки и сл.
11. Се користат за работа и подредување на различни податоци, пишување, цртање, комуницирање, забава и слично.
12. Според фирмата производител персоналните компјутери може да бидат ПиСи и Мак. Писијата ги прават различни фирми производители (Леново, ХаПе, Тошиба...) а Мак компјутерите ги прави фирмата Епл.
13. Според димензиите и карактеристиките персоналните компјутери може да бидат:
- Преносни (мали, лесни, работат на батерија – лаптоп, таблет)
- Непреносни (поголеми, тешки, работат на струја – деск компјутери)

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!