16/02/2016

КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТЦИЈА

Компјутерска презентација

1.      Презентацијата направена со компјутерска програма се вика КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
2.      Програма за креирање Компјутерска презентација e:
-          Power Point од програмскиот пакет Microsoft Office
-          Impress од пакетот програми OpenOffice.org
3.      Компјутерската презентација се состои од СЛАЈДОВИ.
4.      Слајдовите може да се:
-          додаваат,
-          бришат,
-          отсекуваат
-          копираат
-          преместуваат
5.      Приказот на слајдовите од презентацијата на цел екран по одреден редослед се вика СЛАЈД ШОУ.
Од почеток – F5
Од тековен слајд – Shift+F5
6. На слајдовите може да се поставуваат:
  • текстуални, графички, видео и аудио објекти.
7. За поставување објекти на слајдот треба да се избере шема на слајдот: Layout.
Видови шеми на слајд:
-          наслов
-          наслов и поднаслов,
-          наслов и набројување
-          наслов и набројување и слика
-          наслов и слика
слика...
8. Помеѓу слајдовите може да се постават ЕФЕКТИ НА ПРЕМИН- ТРАНЗИЦИЈА:
- звучни
- видео
- исти или различни за сите слајдови
- преминот меѓу слајдовите може да биде:
а. со клик
б. автоматски со поствување на време
9. На слајдовите може да се поставуваат ПОЗАДИНИ – BACKGROUND:
-во една боја,
- во две и повеќе бои,
- готови позадини,
- шaри
10. Позадините  може да се исти или различни за секој слајд.
11. На објектите на слајдот се поставуваат ЕФЕКТИ НА АНИМАЦИЈА.
12. Видови анимациски ефекти:
       - влез,
            -нагласување  
-патека на движење,
- излез.
13. На еден објект може да му се постават повеќе анимациски ефекти.
14. Анимациските ефекти може да се менуваат по изглед и редослед и да се бришат.
15. За анимациски ефект може да се избере:
- начин на активирање (на клик, еден по еден, истовремено),
- насока,
- брзина и сл.
16. На Анимациските Ефекти може да им се додаде и звучен ефект.
17. На објектите на слајдот може да се поставуваат хиперврски.
18. Хиперврските може да водат:
  • од еден кон друг слајд во презентацијата или
  • кон друг документ на компјутерот или Интернет.
19. Хиперврските може да се менуваат, бришат, копираат.
20. На еден објект може да му се додели само една хиперврска.
21. На повеќе различни објекти може да им се додели иста хиперврска.

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!