08/10/2014
20/09/2014
30/05/2014
15/05/2014
EXCEL
Excel е програма која овозможува:
· подредување на податоците во табела,
· табеларни пресметки и
· графички приказ на податоците
Како е поделен работниот документ
Работниот документ се состои
од работни листови.
Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со броеви.
Работните листови имаат име.
Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или
во друг работен документ.
Пресекот на една редица и
колона е правоаголниче кое се вика клетка.
Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на
редицата. На пр. В13
Податоците се внесуваат во
клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе клетки.
Клетките може да се
пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ. (со редни броеви, месеци, денови од
неделата и сл.)
Во клетките може да се внесуваат текстуални и
бројни податоци, формули и функции.
На пр. Текстуален податок е
Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).
ФОРМАТИРАЊЕ податоци и клетки
Податоците се форматираат по:
фонт, големина, стил, боја, позиција.
Бројните податоци може да се
форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви, валута,
време, текст и сл.
Клетките се форматираат со:
позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
Со селектирање повеќе клетки и
податоците во нив може да се форматираат истовремено.
При бришење на податоците од
клетките, форматот останува.
При копирање или отсекување на
податоците од клетките се копира и отсекува и форматот на податокот и клетката.
Соседни, несоседни клетки и ранг
Клетките од работниот лист
може да бидат соседни и несоседни.
Соседни клетки се оние кои
имаат заедничка редица или колона.
Несоседните клетки се од
различни редици и колони.
Група на соседни клетки се
вика РАНГ. Рангот има адреса на пр. А2:С5.
Формули и функции
Формулите се математички
изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички симболи
(+,-,*,/ и др.).
Функции се готови формули кои
имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
Пред формулите и функциите кои
се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во спротивно запишаниот израз
ќе биде обичен текст.
Со промена на вредноста во
клетките се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие
клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)
ГРАФИК
Сликовитиот приказ на
податоците се вика график.
Графикот може да биде:
столбест, линиски, пита и др. Типот на графикот зависи од тоа каква анализа
треба да се направи на податоците (споредување, промена, пратење и сл.)
Графикот има наслов, име на
оските, легенда.
Може да се форматира со избор
на фонт, големина и боја на текстот, позадина, боја на графичките елементи,
дебелина на оските и сл.
Со промена на вредностите на
податоците во клетките се менува и изгледот на графикот. Тоа се вика ДИНАМИЧКИ
график.
11/05/2014
WORD
Word е програма текст
процесор за
пишување и уредување на текст.
Word документот е поделен на страници.
ЛЕНТИ
СО АЛАТКИ
· Стандардна – standard
(работа со фајлови, копирање, отсекување, поглед
на документот и др)
· За форматирање – formatting
(избор на фонт, големина, стил, позиција,
боја, набројување...)
· За цртање графички објекти
и украсно пишување – drawing
(цртање готови
графички форми и украсно пишување, вметнување слики, геометриски трансформации
на сликите и др.)
· За работа со табели и рамки
– tables and borders
(внесување,
форматирање, уредување табели и рамки)
· Статусна лента и др.
(приказ на број на
страни, тековна страна, линија, колона, јазична поддршка и др)
ПРАВИЛА
ЗА ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
Помеѓу
зборовите се остава едно празно место. Едно празно место се остава и после
интерпукциските знаци (.,:?), а пред нив не се остава
празно место.
ФОРМАТИРАЊЕ НА ТЕКСТ
Уредувањето
на изгледот на текстот уште се вика и форматирање.
За
да се форматира текстот може да се избере:
· Фонт,
· големина на фонтот,
· боја,
· стил (задебелени букви,
подвлечени, искосени),
· позадина на текстот,
· позиционирање во
редот(лево, средина, двојно порамнето и десно) и др.
· Форматот на текстот може
да се менува. Кога се отсекува или копира текст се копира и неговиот формат.
СЛИКИ И ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ
Во
текстуален документ може да се поставуваат и слики и графички објекти.
Сликите
се поставуваат во документот на местото каде што е курсорот - покажувачот.
Сликите
може да се внесат од специјален фолдер од самата програма Clipart , од фолдер на компјутерот или од друга програма со copy-paste, од камера и сл.
Димензиите на сликите може да
се менуваат, сликите може да се бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат.
РАМКИ
Во
текстуалниот документ може да се поставуваат рамки: околу текстот, околу сликите
или на целата страница.
Избраната
рамка на страница се појавува на сите останати страници од документот. Не може
да ја има само на одредени страници туку на сите.
АВТОМАТСКО НАБРОЈУВАЊЕ
Во програмата за пишување и уредување на текст може да се користи
автоматско набројување: со броеви, букви или знаци и комбинирано. По потреба
начинот на набројување може да се менува или набројувањето да
се избрише.
ТАБЕЛИ
Податоците во програмата може да се подредуваат во табела. Табелата се
состои од редици и колони. Во пресекот на една редица и колона се наоѓа поле
кое го викаме клетка.
Редиците и колоните може да се додаваат и бришат, спојуваат и разделуваат.
Изгледот на табелата може да се уредува - форматира со избор на стил, дебелина и боја на
рабовите и позадина на клетките.
МАРГИНИ И ОРИЕНТАЦИЈА НА ЛИСТ
Белите површини на листот околу текстот се викаат МАРГИНИ. На листот има 4
маргини – горна, долна, лева и десна. Нивната големина може да се менува.
Листот на кој се пишува може да има 2 ориентации: хоризонтална и
вертикална.
ПЕЧАТЕЊЕ
При печатење на текстуален документ треба да се избере:
·
печатар, ако на комјутерот се поврзани повеќе од еден
печатар
·
страници кои треба да се печатат: сите, тековната (кај
што е курсорот), група на страници (во редослед на пр. Од 3-12 или несоседни
12, 14, 23, 29). Исто може да се избере и број на копии од страниците кои се
печатат.
05/04/2014
ПРАШАЊА PAINT
- Што е компјутерска графика?
- Напиши видови компјутерска графика!
- За кој вид компјутерска графика е програмата Paint?
- Кои се карактеристиките на векторска и битмапирана графика?
- Наброј алатки од Paint за работа со слободна рака!
- Со кои активности и копчиња се изведува брзо копирање во програмата?
- Во кое квадратче од палетата со бои ја гледаме бојата на позадината на цртежот?
- Кое е значењето на наредбите New, Open, Save, Save As од менито File на програмата?
- На кои два начина може да означиме блок во цртеж?
- Кои активности со блокови може да се изведуваат во програмата?
- Кои геометриски трансформации на блок може да се изведуваат во програмата?
- Со која наставка најчесто се фајловите нацртани и сочувани во Paint?
- Со која геометриска трансформација од црт.1 е добиен црт.2 и црт.3?
16/02/2014
Прашања за повторување на темата ИНТЕРНЕТ
1. Што е компјутерска мрежа?
2. Зошто е потребно
компјутерите да се поврзуваат во мрежа?
3. Како ги делиме
компјутерските мрежи според меѓусебната оддалеченост?
4. Кои уреди се потребни за
поврзување во мала компјутерска мрежа?
5. Кои уреди се потребни за
поврзување во голема компјутерска мрежа или Интернет?
6. На кои начини може да се
поврзе компјутер на Интернет?
7. Како се означува адресата
на секој компјутер поврзан на Интернет?
8. Како се означува адресата
на фајл поставен за разгледување на Интернет?
9. Кои сервиси постојат на
Интернет?
10. Што е компјутер сервер на
Интернет а што компјутер клиент?
11. Како се вика програмата за
разгледување на веб страници? Наброј неколку различни имиња на програми?
12. Колку начини на
пребарување на веб страници на Интернет постојат?
13. Што е клучен збор при
пребарувањето?
14. Кои се најпознати веб страници
за пребарување на Интернет?
15. Што содржат добиените
резултати од пребарувањето?
16. По кои видови податоци
може да се пребарува кога се пребарува по клучен збор?
17. Која е функцијата на сервисот електронска пошта?
18. Кој може да испраќа и прима пораки преку сервисот електронска пошта?
19. Напиши една меил адреса!
20. Од кои делови се состои меил адресата?
21. Од кои делови се состои електронското сандаче!
22. Што значи Reply
а што Forward?
23. Што е портал?
24. Што се штетни компјутерски програми?
25. Видови – наброј ги!
26. Каква штета може да направат?
27. Како се пренесуваат?
28. Како се заштитуваме од вируси?
ШТЕТНИ КОМПЈУТЕРСКИ ПРОГРАМИ
1. Штетни компјутерски програми
се програми кои без знаење и желба на човекот се инсталираат на компјутерот и
прават штета на останатите програми.
2. Штетата може да биде: бришење,
преместување и оштетување на фајлови, полнење на компјутерската меморија,
рестартирање на компјутерот, прикажување на пораки на екранот, неможност да се
стартува оперативниот систем и др.
3. Видови штетни програми се:
вируси, црви, тројански коњи и шпиони.
4. Од штетните програми
компјутерот се штити со антивирусни програми кои редовно треба да се освежуваат
– апдејтираат со информации за најновите вируси.
5. Штетни програми се пренесуваат
и заразуваат преку: Интернет, преку заразен мемориски уред како CD, USB стапче и др.
Безбедно и културно однесување на Интернет
Пример на правила за безбедно однесување на Интернет:
- Не оставај премногу лични податоци
- Не им верувај на непознатите со кои разговараш на Интернет
- Не се сите луѓе на Интернет искрени и добронамерни
- Не се сретнувај во “живо” со лица кои си ги запознал на Интернет
- Побарај помош од возрасните секогаш кога си вознемирен или незнаеш како да постапиш
- Не ги кажувај лозинките кои ги користиш на Интернет
Пример на
правила за културно однесување на Интернет:
1.
Не се обидувај да дознаеш и да
злоупотребуваш туѓи податоци
2.
Не се претставувај и не праќај пораки
во туѓо име
3.
Не навредувај и не се заканувај
Subscribe to:
Posts (Atom)

