30/01/2015

WWW сервис на Интернет - за 6то


Веб прелистувачи
1.   Сервисот за поставување и разгледување веб страници на Интернет се вика World Wide Web.
2.   Компјутерите на кои се чуваат веб страниците на Интернет се викаат веб сервери.
3. Програмите клиенти за отварање и разгледување на веб страници се викаат веб прелистувачи или web browser-и:
На пр. Mozilla Firefox, Safari, Opera, Google Chrome, Internet Explorer и др.

 Веб страница и веб сајт
 
1. Веб страница е документ поставен на Интернет.
2. Веб сајт е група од веб страници меѓусебно поврзани со линкови.
3. Секоја веб страница има своја единствена веб адреса или URL.
Пр. www.terranova.com,  on.net.mk,  www.rajko.edu.mk
 4. Адресата се состои од делови - домени одделени со точка.
5. Има домен за:
·      Држава (mk, bg, de, gr …)
·      Тип на сајтот (edu, com, gov, net, biz, ...)
·      Име на сајтот (rajko, youtube, vecer...)
·      Име на веб серверот (најчесто www)

Публикување и хостирање на веб сајт
1. Веб сајтот за да се постави на Интернет треба да се Хостира и Публикува.
2. Хостирање е избирање на веб сервер каде ќе се постави сајтот
3. Публикување  е пренесување на веб сајтот од компјутерот каде што е направен на компјутерот – веб сервер.

27/01/2015

ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ – 6то



1.   ИНТЕРНЕТ е мрежа која ги поврзува компјутерите низ целиот свет и им овозможува да разменуваат податоци и да користат заеднички програми преку повеќе различни сервиси.
2. Сервиси на Интернет кои може да се користат преку компјутерите поврзани на Интернет се:
-       Разгледување веб страници        WWW (World Wide Web)
-       Разговор                                     Chat
-       Електронски писма                      Email
-       Продавање и купување               E commerc
-       Плаќање сметки                          E banking
-       Праќање и симнување фајлови    Upload, Download
2.   Компјутерите кои ги користат услугите на Интернет се викаат КЛИЕНТИ.
3.    Компјутерите кои ги нудат сервисите на Интернет се викаат СЕРВЕРИ.
4.   Фирмата која овозможува компјутерите да се поврзуваат на Интернет се вика Интернет Сервис Проваjдер – ISP.
  • На пример. T-home, CableTel, NeotelTelekom, Blizoo и др.
  • Различни провајдери овозможуваат различни начини и различен квалитет на поврзување на Интернет.
 5. Начини на Поврзување на Интернет:
-       преку фиксна телефонија (пр.ADSL)
-       преку мобилна телефонија (пр.3G)
-       преку телевизија (сателитска и кабелска)
-       безжично (пр.WiFi)
6. Секој компјутер поврзан на Интернет има единствена интернет адреса која се означува со кратенката IP адреса.
7. Секој фајл поставен на Интернет има своја единствена веб адреса која се означува со кратенката URL.

25/01/2015

КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ - 6то

1. Меѓусебно поврзани компјутери претставуваат компјутерска мрежа.
2. Компјутерите се поврзуваат во мрежа за да разменуваат меѓусебно податоци и користат заеднички програми.
3. Според меѓусебната оддалеченост КМ ги делиме на: LAN, WAN и INTERNET.
4. LAN – Local Area Network – Мала КM
- Компјутерите од LAN мрежата се наоѓаат на мало меѓусебно растојание (соба, зграда и сл.).
- Тие разменуваат меѓу себе податоци, програми и може да користат заеднички печатар, скенер и др.

Уреди за поврзување во LAN мрежа се:
       - мрежна картичка жична или безжина
       - свич или рутер – жичен или безжичен






5. WAN – Wide Area Network – Голема КM
- Компјутерите од WAN мрежата се на големо меѓусебно растојание (град, држава, континент).

- Тие разменуваат меѓу себе податоци и програми.
- Уреди за поврзување во WAN мрежа се:
            - телефонски кабли
            - сателитски антени и сателити
            - трансокеански кабли
- WAN мрежата може да ја замислиме како мрежа од мрежи (LAN и помали WAN).
6. INTERNET – International Network – Светска Компјутерска Мрежа
-Интернет ги поврзува меѓусебно копјутерите низ целиот свет.
- Интернет е најголемата WAN мрежа во светот.

19/12/2014

за 7мо Пронаоѓање и замена на еден текст со друг




Со оваа можност во текстуален документ се пронаоѓа одреден збор и се заменува со друг.  
 Освен збор може да се пребарува и заменува и формат на зборови:
  фонт, големина, боја, стил (B, I, U)


 1. Наредба во Word:  EDIT – Replace


Во полето Find What се впишува зборот што се бара 

Во полето Replace With се впишува зборот со кој се заменува пронајдениот збор

2. Можни начини на пребарување:

-      цел збор (whole word),

-      збор со идентични мали и големи букви (match case) и др.

За 7мо ХИПЕРВРСКИ

-->
Хиперврска во текстуален документ е активен збор, група на зборови или слика кои по активирање водат кон локација со единствена адреса.

Таа локација може да биде:

-      веб страница или документ на Интернет

-      друг документ на истиот компјутер

-      друго место (ред, збор, слика, страница) во истиот документ

1. За да се постави хиперврска прво објектот на кои треба да се постави хиперврска се селектира.

2. Хиперврската може да се постави, активира, промени или избрише

3. За да се постави хиперврска кон друг документ треба точно да се избере адресата на документот.

4. Ако се избрише документот или се промени адресата на документот кон кој покажувала хиперврската тогаш таа нема да работи.

5. На еден објект може да се постави САМО ЕДНА хиперврска.

6. На различни објекти може да се постави ИСТА хиперврска.

09/12/2014

6 то Мултимедијални компјутерски програми


-->
1.  Медиум е средство за пренос или чување на податоци и информации
2.  Мултимедијалните содржини се комбинација од текст, слики, говор, музика, звуци, анимации, видео и др.
3.  Компјутерот е мултимедиум. Содржините кои ги користиме на компјутерот може но не мора да бидат мултимедијални.
4.    Програмите за пуштање на аудио и видео содржини се викаат медиа плеери. (Windows Media Player,VLC, Itunes, Real Player, QuickTime …)
5.    Звучните и видео фајловите зафаќаат најмногу компјутерска меморија.
6.  Програмите за смалување - компресија и  расширување – декомпресија на аудио и видео фајловите се викаат кодек програми.
КОмпресија – смалување + ДЕКомпресија – расширување
7.  Познат формат на компресирана музика е на пример mp3 а на видео содржини divX.
8. Програми за работа со мултимедиа под Windows се:
- Sound Recorder – за снимање и пуштање на звуци и говор
- Volume Control – за контрола на звукот од компјутерот (појачување, стишување и сл.)
- Windows Media Player -  пуштање на музика и видео
- Windows movie maker -  правење на видео клипови

02/12/2014

Програма текст едитор 6то одд.

-->


1.  Текстот кој се пишува во компјутерските програми може да биде:
-       неформатиран
-       форматиран
2.  Неформатиран текст е текст напишан без многу уредување и “украси”. 
(ИНФОРМАТИКА)
3.  Форматиран текст е текст со различни уредувања и “украси” (боја, подвлекување, маркирање, рамки и сл.).
( ИНФОРМАТИКА )
4.    Текст едитори се програми за пишување на неформатиран текст.
5.    Teкст едиторот под ОS Windows се вика Notepad.
6.    Наставката на фајловите направени во програмата е txt.
7.    Фонт е начин на испишување на буквите од азбуката на компјутер.
8.    Фонтовите имаат име: Times New Roman, Arial, Algerian...
9.    За фонтот може да се избере големина и стил (задебелен, искосен, подвлечен)
10.Значење на наредбите за меморирање:
Save As – снимање на нова локација и име
Save – снимање под старо име и локација