22/09/2012
06/10/2011
25/09/2011
Електронски учебник за учениците од 6то деветгодишно кои немаат печатен учебник

Обидете се да го симнете учебникот на следниот линк:
http://www.mon.gov.mk/ucebnici/5odd/Informatika/ucebnik1/INFORMATIKA_5_FINAL.pdf
Бидете стрпливи, линкот се отвара за неколку минути (5-10). Потоа меморирајте го фајлот - книгата (на компјутер, CD,..).
19/09/2011
Задача за 7мо одд. (деветгодишно)

На блогот со адреса blogzaucenici.blogspot.com најави се како сопственик со корисничкото име: pravamblog@gmail.com и лозинката: informatika123
Потоа додади нов пост ( текст+слика+линк до омилена страна, по твој избор и напиши го своето име и презиме и одд.).
Напиши свој коментар на постот во кој покрај името, презимето и одделението ќе го напишеш и бројот во дневник!
09/09/2011
Прашања за блог за 6то - осумгодишно одд.
Задача:
Разгледај го училишниот блог!
Прашања за Блог – Веб дневник:
1. Која е адресата на блогот што го отвори?
2. Кој е насловот на блогот?
3. За кого е наменет блогот?
4. Кој е сопственик на блогот?
5. На која дата е напишан последниот запис во блогот?
6. На која дата е запишан првиот запис во блогот?
7. Дали можеш ТИ да запишеш нешто во блогот?
8. Освен записи кои други информации ги има на блогот?
Задача:
Пронајди го на блогот линкот кон училишниот веб сајт!
Посети го! Обиди се да пронајдеш неколку сличности и разлики помеѓу блог и веб сајт!
9. Која е сличноста меѓу блог и веб сајт?
10. Кои се разликите меѓу блог и веб сајт?
08/09/2011
31/08/2011
20/08/2011
11/06/2011
25/02/2011
За осмоодделенците: Прирачник Small Basic
24/01/2011
10/01/2011
24/12/2010
16/12/2010
12/12/2010
НОВОГОДИШНО ИНТЕРВЈУ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НАШАТА ОПШТИНА МАРЈАН ЃОРЧЕВ!

Во кое училиште учевте и како ја прославувавте Новата Година тогаш во училиштето?
Јас учев во ОУ Блаже Конески во Скопје. Тие времиња ги паметам како мирни и спокојни училишни денови. За Нова Година во помалите одделенија правевме новогодишни украси и ја украсувавме училницата а како седмо – осмо одделенци имавме забави – еден вид претпладневни игранки во училишниот хол кој беше голем и убав. На тие игранки свиреа во живо некои тогашни групи и бендови.
Што посакувате да ви се оствари во Новата Година?
Во Новата година посакувам прво здравје за моето семејство а потоа и за сите жители на нашата општина, градот и државата. Ако има здравје се се постигнува и се ќе си дојде на свое место.
Дали во прославувањето на Новата Година имате некоја традиција или верување?
Дома за Новата Година имаме традиција да китиме не пластична туку вистинска, жива елка. За китење на елката се одговорни моите две ќерки. Елката ја китиме со преубави разновидни лампиони кои ги чуваме одамна уште од пред 30тина години. На пролет елката ја засадуваме во овоштарникот во Соње и таму веќе имаме 20 тина пораснати новогодишни елки.
Го прославувам христијанскиот празник Божиќ и верувам дека на оној на кого ќе му се падне паричето од Божиќното лепче ќе има среќа и успеси целата година.
Кога би биле Дедо Мраз што би му подариле на нашето училиште?
Јас на вашето училиште би му подарил нова училишна зграда, водовод и реновирана спортска сала. Ова и реално се обидуваме да го оствариме во најскоро време во соработка на нашата општина со кинеската амбасада.
Која е вашата порака кон децата во Општина Кисела Вода?
Мојата порака кон децата од Општина Кисела Вода е да ја развиваат и негуваат кај себе човечноста и хуманоста, да ги почитуваат и да ги учат овие вредности од постарите. Денес луѓето се помалку се дружат а се повеќе се осамуваат во виртуелните светови пред компјутерите.

09/12/2010
Во посета на градоначалникот на Кисела Вода

Денес со Анастасија и Марија бевме во посета на градоначалникот на нашата општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев!
Градоначалникот со задоволство одговараше на прашањата кои претходно ги подготвивме во училиште во вид на Интервју за претстојните Новогодишни празници! Интервјуто ќе може да го прочитате во некој следен пост на училишниот блог!
На крај Марија и Анастасија му подарија на градоначалникот рачно изработена тродимензионална новогодишна честитка од нашето училиште!
Бевме убаво пречекани, убаво си поминавме и еве две слики кои ќе го потврдат тоа!
29/11/2010
26/11/2010
ДРУГАРИ, РАЗМИСЛУВАЈТЕ ЗА ...

новогодишни фотомонтажи, спојувалки, спарувалки, сложувалки, крстозбори, честитки, желботеки!
Да им подготвиме изненадување на нашите помали другари, наставниците, родителите,...
Сите ваши идеи поделете ги меѓу себе и со мене и да се обидеме заедно идеите да ги претвориме во дело!
Од понеделник ве чекам на часови и после часови со идеи, предлози и....да работиме!
СРАБОТЕТЕ НЕШТО И ПО ДОМА И ПРАТЕТЕ МИ НА
majata@gmail.com!
22/11/2010
17/11/2010
Subscribe to:
Posts (Atom)