24/05/2016

Програма за табеларни пресметки - Excel

КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА ПРОГРАМАТА EXCEL?
Excel  е програма која овозможува:
·       подредување на податоците во табела,
·       табеларни пресметки и
·       графички приказ на податоците

КАКО Е ПОДЕЛЕН РАБОТНИОТ ДОКУМЕНТ
·       Работниот документ се состои од работни листови.
·       Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со броеви.
·       Работните листови имаат име. Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или во друг работен документ.
·       Пресекот на една редица и колона е правоаголниче кое се вика клетка или ќелија.
·       Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на редицата. На пр. В13, AB22
·       Податоците се внесуваат во клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе клетки.
·       Клетките може да се пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ. (со редни броеви, месеци, денови од неделата и сл.)
·       Во клетките може да се внесуваат текстуални и бројни податоциформули и функции.
На пр. Текстуален податок е Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).

ФОРМАТИРАЊЕ податоци и клетки
·       Податоците се форматираат по: фонт, големина, стил, боја, позиција.
·       Бројните податоци може да се форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви, валута, време, текст и сл.
·       Клетките се форматираат со: позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
·       Со селектирање повеќе клетки и податоците во нив може да се форматираат истовремено.
·       При бришење на податоците од клетките, форматот останува.
·       При копирање или отсекување на податоците од клетките се копира и отсекува и форматот на податокот и клетката.

СОСЕДНИ, НЕСОСЕДНИ КЛЕТКИ И РАНГ
·       Клетките од работниот лист може да бидат соседни и несоседни.
o    Соседни клетки се оние кои имаат заедничка редица или колона.
o    Несоседните клетки се од различни редици и колони.
·       Група на соседни клетки се вика РАНГ. Рангот има адреса на пр. А2:С5.

ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ
·       Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
·       Функции се готови формули кои имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
·       Пред формулите и функциите кои се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
·       Со промена на вредноста во клетките се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)

ГРАФИК
·       Сликовитиот приказ на податоците се вика график.
Видови графици
·       Графикот може да биде: столбест, линиски, пита и др. Типот на графикот зависи од тоа каква анализа треба да се направи на податоците (споредување, промена, пратење и сл.)
Карактристики на график
·       Графикот има наслов, име на оските, легенда.
·       Може да се форматира со избор на фонт, големина и боја на текстот, позадина, боја на графичките елементи, дебелина на оските и сл.
·       Со промена на вредностите на податоците во клетките се менува и изгледот на графикот. Тоа се вика ДИНАМИЧКИ график.



No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!