23/01/2014

План за мултимедија за 6г Пинтија



  1. Медиум е средство за пренос или чување на податоци и информации.
  2. Мултимедиум е средство за пренос на информациите во повеќе различни форми: текст, слика, звук, анимација, видео.
  3. Компјутерот е мултимедиум. Содржините кои ги користиме на компјутерот може но не мора да бидат мултимедијални.
  4. Мултимедијалните програми имаат содржини во вид на текст, слики, говор, музика, звуци, анимации, видео и др.
  5. Програмите за пуштање на аудио и видео содржини се викаат медиа плеери. Постојат голем број различни програми медиа плеери.
  6. Звучните и видео фајловите зафаќаат најмногу компјутерска меморија.
  7. Програмите за смалување - компресија и  расширување – декомпресија на аудио и видео фајловите се викаат кодек програми.
  8. Познат формат на компресирана музика е на пример mp3 а на видео содржини divX.
  9. Звукот од компјутерот се контролира со посебни компјутерски програми. Тие се дел од оперативниот систем на компјутерот. Снимањето на звук се прави со помош на микрофон и компјутерска програма за таа намена.
    1. Промена на звучен документ може да се направи со забрзување, успорување, додавање ехо и пуштање во обратен редослед, спојување и др. 
    2. Постојат компјутерски програми кои овозможуваат креирање и уредување на видео записи.

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!