КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ
- Меѓусебно
поврзани компјутери претставуваат компјутерска мрежа.
- Компјутерите
се поврзуваат за да разменуваат
податоци и информации.
Според меѓусебната оддалеченост КМ ги делиме на: LAN, WAN и INTERNET.
LAN – Local Area Network – Мала КM
- Компјутерите од LAN мрежата се наоѓаат на мало меѓусебно растојание
(соба, зграда и сл.).
- Тие разменуваат меѓу себе податоци, програми и може
да користат заеднички печатар, скенер и др.
Уреди за поврзување во LAN мрежа се:
-мрежна картичка
- свич или
рутер
WAN – Wide Area
Network – Голема КM
- Компјутерите од WAN мрежата се на големо меѓусебно растојание (град,
држава, континент).
- Тие разменуваат меѓу себе податоци и програми.
- Уреди за поврзување во WAN мрежа се:
-
телефонски кабли
-
сателитски антени и сателити
-
трансокеански кабли
- WAN мрежата
може да ја замислиме како мрежа од мрежи (Lan и помали Wan).
INTERNET – International Network – Светска Компјутерска Мрежа
-Интернет ги поврзува меѓусебно копјутерите од
целиот свет.
- Интернет е најголемата WAN мрежа.
Функционирање
на Интернет
1.
Фирмата преку која се поврзуваме на Интернет се
вика Интернет Сервис Проваjдер – ISP.
2. Начини на Поврзување на Интернет:
- преку фиксна телефонија (пр.ADSL)
- преку мобилна телефонија (пр.3G)
- преку телевизија (сателитска и
кабелска)
- безжично (пр.WiFi)
3.Секој
компјутер на Интернет има IP адреса.
4.Секој
фајл на Интернет има своја адреса – URL.
5.Услуги
(сервиси) кои може да се користат на Интернет се:
- Разгледување
веб страници – WWW(World Wide Web)
- Разговор
– Chat
- Електронски
писма – Email
- Продавање
и купување – E commerc
- Плаќање
сметки – E banking
- Праќање
и симнување фајлови – Upload, Download
6.
Компјутерите кои ги користат услугите на Интернет се викаат КЛИЕНТИ.
7.
Компјутерите кои ги нудат сервисите на Интернет се викаат СЕРВЕРИ.
Веб прелистувачи
1.
Сервисот за разгледување веб страници на Интернет
се вика World Wide Web.
2.
Компјутерите на кои се чуваат веб страниците на Интернет
се викаат веб сервери.
3. Програмите за отварање и разгледување
на веб страници се викаат:
- веб прелистувачи или web browser-и
На пр.
Mozilla Firefox,
Safari, Opera, Google Chrome, Internet Explorer и др.
Веб страница и веб сајт
1. Веб страница
е документ поставен на Интернет.
2. Веб сајт е
група од веб страници меѓусебно поврзани со линкови.
3. Секоја веб страница има своја веб адреса или URL.
4. Адресата
се состои од делови - домени
одделени со точка.
5. Има домен за:
· Држава
(mk, bg, de, gr …)
· Тип на
сајтот (edu, com, gov, net, biz, ...)
· Име на
сајтот (rajko, youtube, vecer...)
· Име на
веб серверот (најчесто www)
Публикување и хостирање на веб сајт
1.
Веб сајтот за да се постави на Интернет треба да се Хостира и Публикува.
2. Хостирање е
избирање на веб сервер каде ќе се чува сајтот
3. Публикување е пренесување на веб сајтот од компјутерот
каде што е направен на компјутерот – веб сервер каде ќе се чува.
ВЕБ ПРЕБАРУВАЊЕ
1. Пребарувачи на Интернет се
сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници
кои содржат информации кои им се потребни.
2. Овие
сервери се викаат машини за пребарување (search engines).
3. Тие
имаат свои веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати се:
Yahoo –
search.yahoo.com
4.
Постојат два начини на пребарување:
- по
област
- по
клучен збор
5. Области се:
здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се
еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7. Со клучен збор може да се
пребарува по текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се
добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Адреса на страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти
No comments:
Post a Comment
Внеси го својот коментар!