05/02/2014





ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА И ЕЛЕКТРОНСКО САНДАЧЕ


1. Електронска пошта е сeрвис на Интернет за примање и испраќање на електронски пораки.
2. Електронската пошта се одвива преку имеил сервери.
3. Меил серверите имаат свои веб страници.
Најпознати се:
-        YAHOO со веб адреса mail.yahoo.com
-        GOOGLE  со веб адреса mail.google.com
4. За да се користи електронската пошта корисниците мора да имаат своја имеил адреса.
5. Имеил адресата се состои од два дела:
-        Корисничко име и
-        име на меил серверот одделени со знакот @.
На пр. maja@yahoo.com или maja@gmail.com
6. Постапка за нова имеил адреса:
-        Се избира меил сервер,
-        се внесув во веб броузер неговата адреса,
-        се избира SIGN UP и
-        се пополнува формулар.
7. Електронското сандаче се состои од неколку делови:
-        Inbox – за примени пораки
-        Spam – за непожелни пораки
-        Sent – испратени пораки
-        Trash – избришани пораки
8. На примена порака може да се направи следното:
-        Reply – одговор а испраќачот
-        Forward – препраќање на пораката на други примачи
-        report spam – прогласување за непожелна
-        delete - бришење
-        print – печатење
9. За да се напише и испрати нова порака потребно е да се внесе:
-        меил адреса на примачот (една или повеќе)
-        Име на пораката (наслов)
-        текст
-        по желба да се закачи фајл

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!