КОМПЈУТЕРСКА
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
- Презентација направена со помош на соодветна компјутерска програма се вика КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА.
 - Компјутерската презентација се состои од слајдови.
 - Прикажувањето на слајдовите во редослед на цел екран се вика слајд шоу.
 - Видови содржини кои може да се поставуваат на слајд: текстови, слики, видео, анимации, музика и др.
 - Вообичаено компјутерските презентации се мултимедијални.
 - За распоредување на содржините на слајдот се избира шема на слајд – layout.
 - На секој слајд може да се постави позадина – еднобојна, двобојна, шара, слика и сл.
 - Позадините може да бидат исти за сите слајдови или различни.
 - Слајдовите од презентацијата може да се бришат, копираат, отсекуваат, преместуваат и поставуваат во истата или друга презентација.
 - Помеѓу слајдовите може да се постават ИСТИ или различни видео или звучни ефекти на премин – ефекти на транзиција.
 - На објектите на слајдот (наслов, набројување, слика) може да се постават ефекти на движење – анимација.
 - Презентацијата е интерактивна ако на слајдовите има објекти со хиперврски (текстови или слики) со кои корисникот може да го избира и менува текот на слајдовите.
 -  Хиперврските во презентација може да водат кон:- друг слајд во презентацијата
- друг документ на компјутерот
- документ поставен на Интернет 
EФЕКТИ НА АНИМАЦИЈА И ТРАНЗИЦИЈА
1.Постојат различни можности за движење во редослед низ слајдовите од презентацијата
- со клик на глувчето
- автоматски со поставување на време 
- со комбинација на клик на глувче и време
2. За секој слајд посебно може да се избере начин на активирање на ефектите
на премин
 3. Видови ефекти на анимација:
-        
Влез –                                  entrance    (објектот се појавува со анимацијата)
-        
Нагласување –                   emphasis   (објектот
е на слајдот и започнува движење)
-        
Излез –                            exit        (објектот го напушта слајдот
со анимацијата)
-        
патека на движење –        motion paths (објектот се движи по слајдот
по избрана патека)
4. На еден објект на слајдот може:
-        
да се постават повеќе ефекти,
-        
да се бришат ефектите
-        
да се менува нивниот редослед.
5. Eфектите на анимација може да се активираат:
- Еден по друг
- сите истовремено
- комбинирано
6. Сите избрани ефекти може да се бришат и менуваат
7. За некои ефекти може да се избираат параметри како: брзина, време, насока, големина и сл.
- комбинирано
6. Сите избрани ефекти може да се бришат и менуваат
7. За некои ефекти може да се избираат параметри како: брзина, време, насока, големина и сл.
No comments:
Post a Comment
Внеси го својот коментар!