04/09/2015

За 6то одделение - ПРИКАЗНАТА ЗА МАРКО

-->
Марко е ученик во шесто одделение и во понеделник има трети час информатика.
Заедно со другарите доаѓа пред училницата по информатика. Иако учениците кои претходно имале час излегуваат од училницата тој се бутка на врата и влегува во училницата. При тоа му ја бутка јакната на некој ученик  кој излегува, а него некој го згазнува по нога. Марко е лут а и него му се лутат. Се слуша и по некој навредлив збор.
Во училница Марко трча до своето место за седење и при тоа бутка столче. Столчето паѓа на земја но Марко не ни помислува да го крене. Потоа Марко ги остава со фрлање ташната и останатите предмети на маса околу компјутерот, преку тастатурата, врз глувчето.
Седнува и дојадувајки ја ужинката почнува да отвара програми, фолдери, да ги разгледува, менува или брише иако не се негови и незнае кое е нивното значење.
На УСБ мемориско стапче од дома донел некоја интересна игричка и без да добие дозвола од наставникот се обидува да ја пресними на училишниот компјутер.
Трошки од храната паѓаат врз тастатурата, со измачканиот прст го допира екранот и на другарот до себе му покажува нешто на Интернет од недозволена страница за во училиште.
Симнува слика од Интернет која него нешто му значи и му се допаѓа и ја поставува како позадина.
За време на часот се расправа со другарчето со кое го користат заедно компјутерот затоа што само тој сака да работи, го врти мониторот накај себе и го влече глувчето.
Не е внимателен на часот и она што го работи на часот го снима било каде – на десктоп, во било кој фолдер и под било кое име. Кога наставникот сака да ја провери неговатат вежба Марко не успева да ја пронајде.
На крајот од часот веднаш станува без да ги затвори програмите со кои работел и без да се одјави или да го исклучи компјутерот и со трчање излегува од училница оставајки го столчето на среде пат.


ЗАДАЧА:
Прочитај ја приказната за Марко.
Во твојата тетратка нацртај табела со три колони.
Во првата колона запиши ги редните броеви, во втората подреди ги под редни броеви сите ситуации во кои Марко се однесувал неправилно.
Во третата колона запиши како би требало Марко да постапи.
Продолжи како што е покажано во табелата!
-->
Р.бр
Како се однесува Марко
Како треба правилно да се однесуваме
1.
Се бутка на врата
Почекај да излезат учениците од претходното одделение
2.
Се расправа и навредува
Внимавај на другите и биди пристоен
3.

24/05/2015

EXCEL за 7мо


КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ НА ПРОГРАМАТА EXCEL?
Excel  е програма која овозможува:
·       подредување на податоците во табела,
·       табеларни пресметки и
·       графички приказ на податоците

КАКО Е ПОДЕЛЕН РАБОТНИОТ ДОКУМЕНТ
·       Работниот документ се состои од работни листови.
·       Работниот лист е поделен на: колони означени со букви и редици означени со броеви.
·       Работните листови имаат име. Може да се додаваат, бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат во истиот или во друг работен документ.
·       Пресекот на една редица и колона е правоаголниче кое се вика клетка.
·       Секоја клетка има адреса која се формира од буквата на колоната и бројот на редицата. На пр. В13, AB22
·       Податоците се внесуваат во клетка. Истовремено НЕ може да се внесуваат податоци во повеќе клетки.
·       Клетките може да се пополнуваат со податоци и АВТОМАТСКИ. (со редни броеви, месеци, денови од неделата и сл.)
·       Во клетките може да се внесуваат текстуални и бројни податоци, формули и функции.
На пр. Текстуален податок е Ана123, броен податок е 123, формула е =12*А1, функција е = SUM(A1:B3).

ФОРМАТИРАЊЕ податоци и клетки
·       Податоците се форматираат по: фонт, големина, стил, боја, позиција.
·       Бројните податоци може да се форматираат како: децимални броеви, позитивни и негативни броеви, валута, време, текст и сл.
·       Клетките се форматираат со: позиција, дебелина и боја на рабовите и со позадина.
·       Со селектирање повеќе клетки и податоците во нив може да се форматираат истовремено.
·       При бришење на податоците од клетките, форматот останува.
·       При копирање или отсекување на податоците од клетките се копира и отсекува и форматот на податокот и клетката.

СОСЕДНИ, НЕСОСЕДНИ КЛЕТКИ И РАНГ
·       Клетките од работниот лист може да бидат соседни и несоседни.
o    Соседни клетки се оние кои имаат заедничка редица или колона.
o    Несоседните клетки се од различни редици и колони.
·       Група на соседни клетки се вика РАНГ. Рангот има адреса на пр. А2:С5.

ФОРМУЛИ И ФУНКЦИИ
·       Формулите се математички изрази во кои се користат броеви, адреси на клетки и математички симболи (+,-,*,/ и др.).
·       Функции се готови формули кои имаат име. На пр. SUM, MIN, MAX, Average.
·       Пред формулите и функциите кои се внесуваат во клетка мора да се впише знакот =. Во спротивно запишаниот израз ќе биде обичен текст.
·       Со промена на вредноста во клетките се менува и вредноста на формулите и функциите во кои се користат тие клетки. Тоа се вика ДИНАМИЧКО табеларно пресметување.
Пр. за формула: =2*А3-(4*В12)
Пр. За функција: =MAX(А2,А3,В1:В10)

ГРАФИК
·       Сликовитиот приказ на податоците се вика график.
Видови графици
·       Графикот може да биде: столбест, линиски, пита и др. Типот на графикот зависи од тоа каква анализа треба да се направи на податоците (споредување, промена, пратење и сл.)
Карактристики на график
·       Графикот има наслов, име на оските, легенда.
·       Може да се форматира со избор на фонт, големина и боја на текстот, позадина, боја на графичките елементи, дебелина на оските и сл.
·       Со промена на вредностите на податоците во клетките се менува и изгледот на графикот. Тоа се вика ДИНАМИЧКИ график.


WORD за 6то

-->

Word е програма текст процесор за пишување и уредување на текст.
Word документот е поделен на страници.

ЛЕНТИ СО АЛАТКИ
-        стандардна лента за работа со фајлови               Standard
-        лента за форматирање на текстот                        Formatting
-        лента за цртање и графички објекти                    Drawing
-        статусна лента                                                       Status

ПРАВИЛА ЗА ПИШУВАЊЕ ТЕКСТ
·       Помеѓу зборовите се остава едно празно место.
·       После интерпункциските знаци (.,:?) се остава едно празно место
·       Пред интерпункциските знаци не се остава празно место.

ФОРМАТИРАЊЕ НА ТЕКСТ
Уредувањето на изгледот на текстот уште се вика и форматирање.
За да се форматира текстот може да се избере:
·       Фонт,
·       големина на фонтот,

·       боја,
·        позадина на текстот,

·       стил (задебелени букви, подвлечени, искосени),

·       позиционирање во редот (лево, средина, двојно порамнето и десно) и др.

Кога се отсекува или копира текст се копира и неговиот формат.

СЛИКИ И ГРАФИЧКИ ОБЈЕКТИ
·       Во текстуален документ може да се поставуваат слики, графички објекти и украсно пишување.
·       Сликите се поставуваат во документот на местото каде што е курсорот - покажувачот.
·       Сликите може да се внесат од специјален фолдер од самата програма Clipart , од фолдер на компјутерот или од друга програма со copy-paste, од камера и сл.
·       Димензиите на сликите може да се менуваат, сликите може да се бришат, копираат, отсекуваат и преместуваат.

РАМКИ
Каде може да се постават
·       Во текстуалниот документ може да се поставуваат рамки: околу текстот, околу сликите или на целата страница
Правила за поставување
·       Избраната рамка на страница се појавува на сите останати страници од документот. Не може да ја има само на одредени страници туку на сите.

АВТОМАТСКО НАБРОЈУВАЊЕ
  • Во програмата за пишување и уредување на текст може да се користи автоматско набројување: со броеви, букви или знаци и комбинирано.
  • По потреба начинот на набројување може да се менува или набројувањето да се избрише.

ТАБЕЛИ
  • Податоците во програмата може да се подредуваат во табела.
  • Табелата се состои од редици и колони.
  • Во пресекот на една редица и колона се наоѓа поле кое го викаме клетка.
  • Редиците и колоните може да се додаваат и бришат, спојуваат и разделуваат.
  • Изгледот на табелата може да се уредува - форматира со избор на стил, дебелина и боја на рабовите и позадина на клетките.
  • Со селектирање на редица, колона или цела табела и со притискање на копчето DELETE од тастатурата се брише само содржината на табелата а не и самата табела
  • Табела, редици или колони од табелата се бришат со : селектирање и избор на наредба од менито на Table за бришење редици и колони

МАРГИНИ И ОРИЕНТАЦИЈА НА ЛИСТ
  • Белите површини на листот околу текстот се викаат МАРГИНИ.
  • На листот има 4 маргини – горна, долна, лева и десна. Нивната големина може да се менува.
  • Листот на кој се пишува може да има 2 ориентации: хоризонтална - пејсаж и вертикална - портрет.


ПЕЧАТЕЊЕ
При печатење на текстуален документ треба да се избере:
·       печатар, ако на комјутерот се поврзани повеќе од еден печатар
·       страници кои треба да се печатат: сите, тековната (кај што е курсорот), група на страници (во редослед на пр. Од 3-12 или несоседни 12, 14, 23, 29). Исто може да се избере и број на копии од страниците кои се печатат.