16/02/2014

Прашања за повторување на темата ИНТЕРНЕТ

-->
1.      Што е компјутерска мрежа?
2.      Зошто е потребно компјутерите да се поврзуваат во мрежа?
3.      Како ги делиме компјутерските мрежи според меѓусебната оддалеченост?
4.      Кои уреди се потребни за поврзување во мала компјутерска мрежа?
5.      Кои уреди се потребни за поврзување во голема компјутерска мрежа или Интернет?
6.      На кои начини може да се поврзе компјутер на Интернет?
7.      Како се означува адресата на секој компјутер поврзан на Интернет?
8.      Како се означува адресата на фајл поставен за разгледување на Интернет?
9.      Кои сервиси постојат на Интернет?
10.    Што е компјутер сервер на Интернет а што компјутер клиент?
11.    Како се вика програмата за разгледување на веб страници? Наброј неколку различни имиња на програми?
12.    Колку начини на пребарување на веб страници на Интернет постојат?
13.    Што е клучен збор при пребарувањето?
14.    Кои се најпознати веб страници за пребарување на Интернет?
15.    Што содржат добиените резултати од пребарувањето?
16.    По кои видови податоци може да се пребарува кога се пребарува по клучен збор?
17.    Која е функцијата на сервисот електронска пошта?
18.    Кој може да испраќа и прима пораки преку сервисот електронска пошта?
19.    Напиши една меил адреса!
20.    Од кои делови се состои меил адресата?
21.    Од кои делови се состои електронското сандаче!
22.    Што значи Reply а што Forward?
23.      Што е портал?
24.      Што се штетни компјутерски програми?
25.      Видови – наброј ги!
26.      Каква штета може да направат?
27.      Како се пренесуваат?
28.      Како се заштитуваме од вируси?

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!