02/11/2014

за 7мо одд: Хедер-футер, фусноти, редни бр. на стр.и пишување во колони



ХЕДЕР И ФУТЕР
наредба: View – header footer

1.    Хедерот (заглавје) се пишува во просторот од горната маргина.
2.    Футерот (подножје) се пишува во просторот од долната маргина.
3.    Во хедерот и футерот може да бидат запишани текст, слика и  автотекстовите: тековна дата и време.
4.    Хедерот и футерот поставени на една страна се прикажуваат на сите останати страни од документот.
5.    Хедерот и футерот избришани од една страна се бришат од сите страни на документот.
6.    Документот може да има само хедер, само футер или и хедер и футер.
ФУСНОТИ
наредба: Insert- reference- footnote

1.    Фусноти се коментари (објаснувања) на зборови од текстот.
2.    До зборот има ознака за фуснотата (број, буква, знак)
3.    Објаснувањето се пишува:
-         веднаш под текстот
-         на крајот од страната
4.    Фуснота се брише со бришење на ознаката до зборот во текстот

РЕДЕН БРОЈ НА СТРАНИЦА
наредба: Insert-page number

1. Редниот број на страница се пишува во просторот од горната или долната маргина.
2. Може да биде позициониран: лево, во средина или десно
3. Може да се избираат различни формати на броеви
4. Може да се избере дали бројот ќе се прикаже на првата страна од документот или не.
5. Со бришење на реден број од една страна се бришат редните броеви од сите страници во документот.

КОЛОНИ      
наредба:FormatColumns

1.    Текстот запишан во колони се вика НОВИНАРСКИ ТЕКСТ.
2.    За да се претстави текстот од 1 колона во повеќе колони прво мора да се селектира.
3.    Корисникот може да избере: број на колони, ширина на колоните, растојание меѓу колоните, линија меѓу колоните.
4.    Колоните може да имаат иста или различна широчина.
5.    За да се промени бројот на колоните текстот во колони треба да се селектира и да се избере од наредбата новиот бр. на колони.

No comments:

Post a Comment

Внеси го својот коментар!