11/02/2015

ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА (за 6то)

-->

1. Електронска пошта е сeрвис на Интернет за примање и испраќање на електронски пораки.
2. Компјутерите “задолжени” за примање, испраќање и чување на електронската пошта се викаат  имеил сервери.
4. Клиентите со Меил серверите најчесто се поврзуваат преку веб страници со внесување на корисничко име и лозинка.
Најпознати се:
-       YAHOO со веб адреса mail.yahoo.com
-       GOOGLE  со веб адреса mail.google.com
5. За да се користи електронската пошта корисниците мора да имаат своја имеил адреса.
6. Имеил адресата се состои од два дела:
-       Корисничко име и
-       име на меил серверот одделени со знакот @.
На пр. maja@yahoo.com или maja@gmail.com

7. ПОСТАПКА ЗА НОВА ИМЕИЛ АДРЕСА:
-       Се избира меил сервер,
-       се внесув во веб броузер неговата адреса,
-       се избира SIGN UP и
-       се пополнува формулар.
8. Електронското сандаче се состои од неколку делови:
-       Inbox – за примени пораки
-       Spam – за непожелни пораки
-       Sent – испратени пораки
-       Trash – избришани пораки
-       Draftsзапочнати но недовршени пораки
9. На примена порака може да се направи следното:
-       Reply – одговор а испраќачот
-       Forward – препраќање на пораката на други
-       report spam – прогласување за непожелна
-       delete - бришење
-       print – печатење
10. За да се напише и испрати нова порака потребно е да се внесе:
-       меил адреса на примачот (една или повеќе)
-       Име на пораката (наслов)
-       текст
-       по желба да се закачи фајл
-        
11. Електронски пораки се состојат од наслов, тело во кое се пишува текст, и адреса на примачот.
-        Во пораката може да се внесе линк или да се закачи фајл.

Сервис на Интернет за пребарување веб страници (за 6то одд.)


1. Пребарувачи на Интернет се сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници кои содржат информации кои им се потребни.
2. Овие сервери го сочинуваат сервисот на Интернет кој се вика машини за пребарување (search engines).
3. Пристапот до серверот за пебарување е преку веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати пребарувачи се:
Googlewww.google.com
Yahoo – search.yahoo.com
MSNwww.msn.com и др.
4. Постојат два начини на пребарување:
-      по област
-      по клучен збор
5. Области се: здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7.  Со клучен збор може да се пребарува  текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Првите неколку реченици од страницата за да дознаеме за содржината
- Адреса на страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти


30/01/2015

WWW сервис на Интернет - за 6то


Веб прелистувачи
1.   Сервисот за поставување и разгледување веб страници на Интернет се вика World Wide Web.
2.   Компјутерите на кои се чуваат веб страниците на Интернет се викаат веб сервери.
3. Програмите клиенти за отварање и разгледување на веб страници се викаат веб прелистувачи или web browser-и:
На пр. Mozilla Firefox, Safari, Opera, Google Chrome, Internet Explorer и др.

 Веб страница и веб сајт
 
1. Веб страница е документ поставен на Интернет.
2. Веб сајт е група од веб страници меѓусебно поврзани со линкови.
3. Секоја веб страница има своја единствена веб адреса или URL.
Пр. www.terranova.com,  on.net.mk,  www.rajko.edu.mk
 4. Адресата се состои од делови - домени одделени со точка.
5. Има домен за:
·      Држава (mk, bg, de, gr …)
·      Тип на сајтот (edu, com, gov, net, biz, ...)
·      Име на сајтот (rajko, youtube, vecer...)
·      Име на веб серверот (најчесто www)

Публикување и хостирање на веб сајт
1. Веб сајтот за да се постави на Интернет треба да се Хостира и Публикува.
2. Хостирање е избирање на веб сервер каде ќе се постави сајтот
3. Публикување  е пренесување на веб сајтот од компјутерот каде што е направен на компјутерот – веб сервер.

27/01/2015

ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ – 6то



1.   ИНТЕРНЕТ е мрежа која ги поврзува компјутерите низ целиот свет и им овозможува да разменуваат податоци и да користат заеднички програми преку повеќе различни сервиси.
2. Сервиси на Интернет кои може да се користат преку компјутерите поврзани на Интернет се:
-       Разгледување веб страници        WWW (World Wide Web)
-       Разговор                                     Chat
-       Електронски писма                      Email
-       Продавање и купување               E commerc
-       Плаќање сметки                          E banking
-       Праќање и симнување фајлови    Upload, Download
2.   Компјутерите кои ги користат услугите на Интернет се викаат КЛИЕНТИ.
3.    Компјутерите кои ги нудат сервисите на Интернет се викаат СЕРВЕРИ.
4.   Фирмата која овозможува компјутерите да се поврзуваат на Интернет се вика Интернет Сервис Проваjдер – ISP.
  • На пример. T-home, CableTel, NeotelTelekom, Blizoo и др.
  • Различни провајдери овозможуваат различни начини и различен квалитет на поврзување на Интернет.
 5. Начини на Поврзување на Интернет:
-       преку фиксна телефонија (пр.ADSL)
-       преку мобилна телефонија (пр.3G)
-       преку телевизија (сателитска и кабелска)
-       безжично (пр.WiFi)
6. Секој компјутер поврзан на Интернет има единствена интернет адреса која се означува со кратенката IP адреса.
7. Секој фајл поставен на Интернет има своја единствена веб адреса која се означува со кратенката URL.

25/01/2015

КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ - 6то

1. Меѓусебно поврзани компјутери претставуваат компјутерска мрежа.
2. Компјутерите се поврзуваат во мрежа за да разменуваат меѓусебно податоци и користат заеднички програми.
3. Според меѓусебната оддалеченост КМ ги делиме на: LAN, WAN и INTERNET.
4. LAN – Local Area Network – Мала КM
- Компјутерите од LAN мрежата се наоѓаат на мало меѓусебно растојание (соба, зграда и сл.).
- Тие разменуваат меѓу себе податоци, програми и може да користат заеднички печатар, скенер и др.

Уреди за поврзување во LAN мрежа се:
       - мрежна картичка жична или безжина
       - свич или рутер – жичен или безжичен






5. WAN – Wide Area Network – Голема КM
- Компјутерите од WAN мрежата се на големо меѓусебно растојание (град, држава, континент).

- Тие разменуваат меѓу себе податоци и програми.
- Уреди за поврзување во WAN мрежа се:
            - телефонски кабли
            - сателитски антени и сателити
            - трансокеански кабли
- WAN мрежата може да ја замислиме како мрежа од мрежи (LAN и помали WAN).
6. INTERNET – International Network – Светска Компјутерска Мрежа
-Интернет ги поврзува меѓусебно копјутерите низ целиот свет.
- Интернет е најголемата WAN мрежа во светот.