-->
1.    
Програма е низа од
инструкции според кои компјутерот работи на одредена задача.
2.    
Оперативен
систем е најважната програма за работа со компјутерот (со
периферните уреди, меморијата и останатите програми ).
3.    
ОС прв се
стартува при вклучување а последен се затвара при исклучување на компјутерот.
4.    
Видови ОС за
персоналните компјутери:
Windows         - најпопуларен
– фирма сопственик Microsoft
Linux               -
бесплатен 
Mac OS X       - најсигурен
и најстабилен – фирма сопственик - Apple
Unix                - најстар (се користи на сервери
и големи компјутери)
5.     Секој
ОС има свои верзии
Windows
        2000, XP, Vista, 7, …,10
Linux
              Ubuntu, Edubuntu, Mandriva
Mac
OS X       Tiger, Panther, Jaguar, Leopard,
...,Yosemite
6.    
Оперативните системи
се слични по своите функционалности а различни по изгледот.
7.    
Карактеристики на ОС:
-      
Повеќекориснички, со можност за работа на повеќе
корисници во своја околина (multi
user) 
-      
со
можност за паралелна работа со повеќе програми (multi tasking)
8.    
Начини на
работа на секој ОС:
-      
графички начин на работа (преку икони,
прозорци, менија)
-      
текстуален начин на работа (со пишување наредби на екран)
9.    
Елементи кој
ги има секој ОС:
-      
работна површина (desktop) на која се
поставени:
o  
ленти (една или повеќе) 
o  
икони
10. 
Икона е мала слика
со која е прикажан фолдер или фајл.
11. 
Прозорец е објект во
ОС во кој се прикажува содржината на иконата.
12. 
Иконата се отвара во
прозорец, прозорецот се затвора во икона.
13.  Елементи на секој прозорец се:
-      
лента
со име
-      
лента
со мени
-      
лента
со алатки
-      
дел за приказ на содржината на иконата
-      
лизгачи