05/02/2014





ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА И ЕЛЕКТРОНСКО САНДАЧЕ


1. Електронска пошта е сeрвис на Интернет за примање и испраќање на електронски пораки.
2. Електронската пошта се одвива преку имеил сервери.
3. Меил серверите имаат свои веб страници.
Најпознати се:
-        YAHOO со веб адреса mail.yahoo.com
-        GOOGLE  со веб адреса mail.google.com
4. За да се користи електронската пошта корисниците мора да имаат своја имеил адреса.
5. Имеил адресата се состои од два дела:
-        Корисничко име и
-        име на меил серверот одделени со знакот @.
На пр. maja@yahoo.com или maja@gmail.com
6. Постапка за нова имеил адреса:
-        Се избира меил сервер,
-        се внесув во веб броузер неговата адреса,
-        се избира SIGN UP и
-        се пополнува формулар.
7. Електронското сандаче се состои од неколку делови:
-        Inbox – за примени пораки
-        Spam – за непожелни пораки
-        Sent – испратени пораки
-        Trash – избришани пораки
8. На примена порака може да се направи следното:
-        Reply – одговор а испраќачот
-        Forward – препраќање на пораката на други примачи
-        report spam – прогласување за непожелна
-        delete - бришење
-        print – печатење
9. За да се напише и испрати нова порака потребно е да се внесе:
-        меил адреса на примачот (една или повеќе)
-        Име на пораката (наслов)
-        текст
-        по желба да се закачи фајл

23/01/2014

Интернет


КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

- Меѓусебно поврзани компјутери претставуваат компјутерска мрежа.
- Компјутерите се поврзуваат за да разменуваат податоци и информации.
Според меѓусебната оддалеченост КМ ги делиме на: LAN, WAN и INTERNET.
LAN – Local Area Network – Мала КM
- Компјутерите од LAN мрежата се наоѓаат на мало меѓусебно растојание (соба, зграда и сл.).
- Тие разменуваат меѓу себе податоци, програми и може да користат заеднички печатар, скенер и др.
Уреди за поврзување во LAN мрежа се:
       -мрежна картичка
       - свич или рутер

WAN – Wide Area Network – Голема КM
- Компјутерите од WAN мрежата се на големо меѓусебно растојание (град, држава, континент).
- Тие разменуваат меѓу себе податоци и програми.
- Уреди за поврзување во WAN мрежа се:
            - телефонски кабли
            - сателитски антени и сателити
            - трансокеански кабли
- WAN мрежата може да ја замислиме како мрежа од мрежи (Lan и помали Wan).
INTERNET – International Network – Светска Компјутерска Мрежа
-Интернет ги поврзува меѓусебно копјутерите од целиот свет.
- Интернет е најголемата WAN мрежа.


Функционирање на Интернет

1. Фирмата преку која се поврзуваме на Интернет се вика Интернет Сервис Проваjдер – ISP.
 2. Начини на Поврзување на Интернет:
- преку фиксна телефонија (пр.ADSL)
- преку мобилна телефонија (пр.3G)
- преку телевизија (сателитска и кабелска)
- безжично (пр.WiFi)
3.Секој компјутер на Интернет има IP адреса.
4.Секој фајл на Интернет има своја адреса – URL.
5.Услуги (сервиси) кои може да се користат на Интернет се:
-       Разгледување веб страници – WWW(World Wide Web)
-       Разговор – Chat
-       Електронски писма – Email
-       Продавање и купување – E commerc
-       Плаќање сметкиE banking
-       Праќање и симнување фајлови – Upload, Download
6. Компјутерите кои ги користат услугите на Интернет се викаат КЛИЕНТИ.
7. Компјутерите кои ги нудат сервисите на Интернет се викаат СЕРВЕРИ.


Веб прелистувачи
1.     Сервисот за разгледување веб страници на Интернет се вика World Wide Web.
2.     Компјутерите на кои се чуваат веб страниците на Интернет се викаат веб сервери.
3. Програмите за отварање и разгледување на веб страници се викаат:
- веб прелистувачи или web browser
На пр. Mozilla Firefox, Safari, Opera, Google Chrome, Internet Explorer и др.

Веб страница и веб сајт
1. Веб страница е документ поставен на Интернет.
2. Веб сајт е група од веб страници меѓусебно поврзани со линкови.
3. Секоја веб страница има своја веб адреса или URL.
Пр. www.youtube.com,  on.net.mk,  www.rajko.edu.mk
 4. Адресата се состои од делови - домени одделени со точка.
5. Има домен за:
·       Држава (mk, bg, de, gr …)
·       Тип на сајтот (edu, com, gov, net, biz, ...)
·       Име на сајтот (rajko, youtube, vecer...)
·       Име на веб серверот (најчесто www)


Публикување и хостирање на веб сајт
1. Веб сајтот за да се постави на Интернет треба да се Хостира и Публикува.
2. Хостирање е избирање на веб сервер каде ќе се чува сајтот
3. Публикување  е пренесување на веб сајтот од компјутерот каде што е направен на компјутерот – веб сервер каде ќе се чува.

ВЕБ ПРЕБАРУВАЊЕ
1. Пребарувачи на Интернет се сервери кои им овозможуваат на корисниците да пронајдат адреси на веб страници кои содржат информации кои им се потребни.
2. Овие сервери се викаат машини за пребарување (search engines).
3. Тие имаат свои веб страници преку кои се пребарува.
Најпознати се:
Googlewww.google.com
Yahoo – search.yahoo.com
MSNwww.msn.com и др.
4. Постојат два начини на пребарување:
-       по област
-       по клучен збор
5. Области се: здравје, наука, спорт, образование и др.
6. Клучен збор се еден или повеќе зборови кои го опишуваат она што се бара (пр. мало шарено маче).
7.  Со клучен збор може да се пребарува по текст, слика, видео клип и др.
8. Како резултат од пребарувањето се добива листа на веб адреси која содржи:
- Име на страницата
- Адреса на страницата
- Големина на страницата или сликата во бајти

План за мултимедија за 6г Пинтија



  1. Медиум е средство за пренос или чување на податоци и информации.
  2. Мултимедиум е средство за пренос на информациите во повеќе различни форми: текст, слика, звук, анимација, видео.
  3. Компјутерот е мултимедиум. Содржините кои ги користиме на компјутерот може но не мора да бидат мултимедијални.
  4. Мултимедијалните програми имаат содржини во вид на текст, слики, говор, музика, звуци, анимации, видео и др.
  5. Програмите за пуштање на аудио и видео содржини се викаат медиа плеери. Постојат голем број различни програми медиа плеери.
  6. Звучните и видео фајловите зафаќаат најмногу компјутерска меморија.
  7. Програмите за смалување - компресија и  расширување – декомпресија на аудио и видео фајловите се викаат кодек програми.
  8. Познат формат на компресирана музика е на пример mp3 а на видео содржини divX.
  9. Звукот од компјутерот се контролира со посебни компјутерски програми. Тие се дел од оперативниот систем на компјутерот. Снимањето на звук се прави со помош на микрофон и компјутерска програма за таа намена.
    1. Промена на звучен документ може да се направи со забрзување, успорување, додавање ехо и пуштање во обратен редослед, спојување и др. 
    2. Постојат компјутерски програми кои овозможуваат креирање и уредување на видео записи.

22/09/2012

Поздрав до моите ученици!

          Со  закаснување, и овде на блогот,  на сите ви посакувам успешна нова учебна година и се надевам дека следната година ќе ја започнеме во ново училиште! :)

25/09/2011

Електронски учебник за учениците од 6то деветгодишно кои немаат печатен учебник


Обидете се да го симнете учебникот на следниот линк:
http://www.mon.gov.mk/ucebnici/5odd/Informatika/ucebnik1/INFORMATIKA_5_FINAL.pdf
Бидете стрпливи, линкот се отвара за неколку минути (5-10). Потоа меморирајте го фајлот - книгата (на компјутер, CD,..).

19/09/2011

Задача за 7мо одд. (деветгодишно)


На блогот со адреса blogzaucenici.blogspot.com најави се како сопственик со корисничкото име: pravamblog@gmail.com и лозинката: informatika123
Потоа додади нов пост ( текст+слика+линк до омилена страна, по твој избор и напиши го своето име и презиме и одд.).
Напиши свој коментар на постот во кој покрај името, презимето и одделението ќе го напишеш и бројот во дневник!

09/09/2011

Прашања за блог за 6то - осумгодишно одд.

Задача:

Разгледај го училишниот блог!

Прашања за Блог – Веб дневник:

1. Која е адресата на блогот што го отвори?

2. Кој е насловот на блогот?

3. За кого е наменет блогот?

4. Кој е сопственик на блогот?

5. На која дата е напишан последниот запис во блогот?

6. На која дата е запишан првиот запис во блогот?

7. Дали можеш ТИ да запишеш нешто во блогот?

8. Освен записи кои други информации ги има на блогот?

Задача:

Пронајди го на блогот линкот кон училишниот веб сајт!

Посети го! Обиди се да пронајдеш неколку сличности и разлики помеѓу блог и веб сајт!

9. Која е сличноста меѓу блог и веб сајт?

10. Кои се разликите меѓу блог и веб сајт?

25/02/2011

За осмоодделенците: Прирачник Small Basic



Симнете го прирачникот на линкот кој следува:
На страницата што ќе се отвори изберете slow download , почекајте дваесетина секунди и потоа ќе почне симнувањето на фајлот! Изберете локација и снимете го!